Прилепското макало на Гоге за К4Т.МК

24 часа бидете 100% асоцијални, но полни со снага и здравје во следните 144 часа!
- 200г ореви
- 3-4 главици лук
- 1/2 шолја за кафе маслиново масло
- 1/2 лимон
- магдонос
- крупна морска сол
- малку вода
Подготовка
1. Лукот се толчи со солта.
2. Потоа се додаваат оревите и се продолжува со хомогенизација.
3. Се додава маслото и сокот од лимон.
4. На крај се додаваат магдоносот и водата за да се разблажи макалото и да побелее.
5. Константното мешање и толчење е многу важно!