Топчиња од спанаќ

Топчињата што ќе ви дадат сила и енергија како на Попај!

 

 
  • 600г спанаќ
  • 200г урда
  • 2 лажици брашно
  • 1 јајце
  • 80г путер
  • 150г кашкавал
 

Подготовка

1. Спанаќот се мие и чисти и се обарува во солена вода. Обарениот спанаќ го сецкаме и во него ги додаваме урдата, јајцето брашното и дел од ренданиот кашкавал.

2. Добиената смеса ја зачинуваме по вкус со сол и бибер, ја замесуваме и од неа формираме топчиња. Топчињата полесно се формираат ако рацете ви се навлажнети со вода.

3. Готовите топчиња ги вариме во зовриена вода 2 минути, да испливаат на површината, ги вадиме со решетка и ги валкаме во остатокот од изренданиот кашкавал.

4. Ги редиме во намастено тавче со путер и ги ставаме да се печат 15-20 минути на 220 степени. Може да се послужат со домашен кечап.