вкусно, вкусно, вкусно!
Брзи домашни соленки

Се мезат со секакви макала, а можете и така да ги грицкате… За опуштање со пиво се одлична комбинација како замена за нездравите и мрсни грицки.
- 1/2кг брашно (какво сакате)
- 200мл бело вино
- 1 кесичка пециво
- 1/2 лажиче крупна морска сол
- 1 јајце
- сусам
- мак
- 2 лажици маслиново масло
Подготовка
1. Се замесува тестото (со брашно, вино, масло, пециво и сол)… тестото треба да е меко.
2. Се расукува кора со дебелина до 1см и потоа се премачкува со заматеното јајце од горната страна.
3. Се попрскува и со мак.
4. Расуканото тесто се врти од другата страна, повторно се мачка со јајце и се попрскува со сусам.
5. Се сечат ленти по саканата должина и се увиткуваат.
6. Се печат во тепсија наросена со малку брашно… на 200 степени, околу 20-25 минути.