Рецепт со спанаќ и ориз за здравје и сила како Попај

Попај Тавче ала Баки

 
  • 1кг спанаќ
  • 1 шолја интегрален ориз
  • 1 шолја јогурт
  • 4 јајца
  • 1/2 чаша вода
  • масло и сол по желба
  • павлака како додаток
 

Подготовка

1. Оризот најпрво се вари во сооднос со вода 1:5 околу 40 минути. 

2. Спанаќот во меѓувреме се динста околу 10 минути.

3. Кога ќе се свари оризот, се додава во спанаќот и заедно се пропржуваат во масло (количина по желба). Тука се додава и солта.

4. Смесата се префла во тепсија (бр. 30 во случајов), се налева со 1/2 чаша вода и се става во рерна, предходно загреана на 250 степени.

5. Се пече додека не испари водата.

6. Потоа тепсијата се вади, се додава смесата од јогурт и јајца и се враќа во рерната да се потпече. 

Прекрасно здраво попај тавче!