Интегрален ѕвезден крекер

Брза, едноставна и здрава закуска. Можете да ја понесете со вас за да ви се најде во кризни моменти пред да посегнете по ”празни” калории.

 
  • 150г интегрално брашно
  • 70г овесни снегулки
  • 3 лажици интегрален сусам (ако сакате можете малку да го пропржите во тава)
  • 30г маслиново масло
  • 1 лажиче морска/хималајска сол
  • 100мл ладна вода
 

Подготовка

1. Во длабок сад се мешаат сите состојки.

2. Се прави тесто кое се расукува во кора од 5 милиметри.

3. Со модлица по избор се делкаат крекерите.

4. Се печат на 200 степени, околу 15 минути.