Рибја чорба

Чорба за душа и за срце!
- (за 4 порции)
- 2 пастмки..порцијаши
- 1 литар вода
- 1 лажичка крупна морска сол
- 2 лажици маслиново масло
- 3-4 моркови
- 4-5 млади кромиди
- 2 лажици брашно
- 1 јајце
- 3-4 лажици павлака
Подготовка
1. Рибата се сече на парчиња и се става во солена вода да зоврие 10-15 минути, а потоа се вади од водата.
2. Во друго тенџере се става масло и брашно и лесно се пропржува.
3. Потоа се додава водата од рибата.
4. Се додаваат и сецканиот кромид и моркови и се варат додека не омекнат (15тина минути)
5. Во меѓувреме се додава и рибата.
6. На крај, чорбата се полева со изматено јајце и павлака.