Лесна а многу здрава салатка
Свежа салатка за до стотка

- 200 г рендани моркови
- 5-6 чешниња лук (лукот пожелно е да биде од домашно производство, не е толку лут)
- 2-3 гранчиња рузмарин (може сув или свеж)
- сок од цеден лимон
- 50мл ладно цедено маслиново масло (може и ленено масло)
- крупна морска сол… колку ви е ќеиф
- суво луто пиперче за љубителите на лута храна
Подготовка
1. Лукот и солта се толчат во овален сад, а потоа се додава рузмаринот (можен додаток е суво запечено луто пиперче)
2. Добро истолчените состојки се поливаат со сокот од лимон (можна варијанта е јаболков оцет) и маслото
3. Сето тоа се меша, се додава на ренданиот морков и салатката е готова…
Салаткава како додаток секогаш е ГЛАВНА!
Така што, на редовните конзумети барем еднаш неделно им се закажува состанок на 100 години…