Печени компири со рузмарин

Сега е сезоната на млади компирчиња која мора да се искористи со многу вкусни рецепти. Ова е навидум лесен рецепт, но да се погодат компирите  (сочни, малку крцкави, а не суви или недопечени) не е ни малку едноставно. Сè си бара пракса…

 
  • 1кг млади компири
  • 2 лажички путер
  • 4-6 чешниња лук
  • 4 гранчиња рузмарин
  • 2 лажички јаболков оцет
  • маслиново масло (за готвење)
  • морска/хималајска сол
  • бибер по желба

  •  

Подготовка

1. Лупените компири се варат 20 минути во вода со малку сол и масло.

2. Се вадат, се цедат и се редат во тепсија. Во тепсијата се става малку путер… лесно се промешуваат и се редат. 

3. Во меѓувреме се прави смеса од масло, оцет, рузмарин, бибер и сол (по вкус).

4. Компирите се полеваат одозгора, а нелупените лукчиња  се расфрлаат низ тепсијата. 

5. Се печат 10тина минути на 220 степени за да добијат златно жолта коричка…