Cookies со овесни снегулки

Супер нутрициска закуска која може да ја понесете со себе за пред тренинг или за на работа/училиште. Направени според рецептот на Наде Маневска.

 
  • 150г овесни снегулки
  • 100г сецкани ореви
  • 150г брашно
  • 50-100г кафеав шеќер/агаве сируп (зависи колку слатки сакате да бидат)
  • 50г путер
  • 1/2 лажиче пециво
  • 1/2 лажиче цимет
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 1/4 лажиче сода бикарбона
  • 1/4 лажиче сол
  • 1 јајце
 

Подготовка

1. Сите суви состојки убаво се мешаат, а потоа се додава јајцето и смесата се меша додека не се направи хомогена смеса.

2. Од неа се прават прво топчиња и се сплеснуваат за да станат како дискови.

3. Може да се обогатат со дехидрирана брусница, а во смесата да се помешаат и парченца темно чоколадо или какао.

4. Се печат во загреана рерна на 190 степени, 10 минути (само толку).