Шарено гравче

Одлично со една чаша вранец после напорен активен ден…

 
  • 200 грама варен грав (може и остаток од петочниот или лименка)
  • 250 грама пченка од конзерва
  • 2 кромитчиња
  • 2-3 чешниња лук
  • 100 мл доматно пире
  • 1 лажица маслиново масло
  • 2 лажици суви миродии (сушен босилек, коријандер, бибер)
  • 1 лажица буковец
  • сок од 1 лимон
 

1. На маслото се пропржува кромидот, исецкан на тркалца, па се додаваат зачините, буковецот и доматното пире.

2. По неколку минути се додава гравчето кое е претходно сварено и пченката од лименка.Се меша лесно 1-2 минути и се трга од оган. 

3.Се попрскува со сок од лимон.