Тортиљи со грав
Вкусни лесни фишеци кои ги снемува за миг…
- 200 грама варен грав
- 150 грама пченка
- 3 тортиљи
- 2 лути пиперки
- 50 грама кашкавал
- 1 кромид
- магдонос, сол и бибер
1. Кромидот се сецка на месечинки заедно со сецкани пиперки и се пропржува на масло.
2. Се додаваат гравчето и пченката и се зачинува со бибер, сол, магдонос.
3. Тортиљите се сечат на пола, од секоја половина се прави фишек и се полнат со смесата.
4. Се редат во тепсија и се наросуваат богато со рендан кашкавал. Се печат на 200 степени околу 5-6 минути да се стопи кашкавалот.
5. На здравје.