Цврста ерекција преку цврста кујна
Ако му лепнеме шамар на стресот, малата физичка активност, цигарите и алкохолот, и ако ги одземеме сите психолошко физиолошки препреки кон поцврстата ерекција кај мажите, на списочето ќе ни остане изборот на храната.
Одамна, а и денес, многу мајки им велат на своите ќерки. „Љубовта доаѓа преку стомакот”.. не е џабе речено – старите мудрости секогаш си коваат шајки и во иднината.
Ако сопругата, партнерката или девојката знае вкусно да готви, тогаш сигурно ви е залепена за срце, па затоа за следното пазарување на намирниците додадете и ваши цртички во списочето. Зошто? Затоа што многу автори го поврзуваат во корелација кардио васкуларното здравје и влијанието врз цврстата ерекција, каде храната игра важна улога во превентивата. Фактички се е еден сврзан систем, ендотелните клетки што ги формираат крвните садови се распространети насекаде во телото па така и во половиот орган. Квалитетната храна, а особено одредени намирници можат да го зачинат вашиот сексуален живот индиректно, влијаејќи на “посебен” начин. Намирници кои се подредени во понатамошниот текст ќе ви помогнат во сузбивање и превентива на васкуларните абнормалности пред да можете да си помогнете само со одредени медикаменти.
- Лубеница, содржи цитрулин, тој го потпомага создавањето на азот оксидот кој ја зголемува циркулацијата на крв во пенисот. рецепт за освежување
- Темно чоколадо е познато по својот ефект на дилатација (опуштање на крвните садови) за повеќе од 10 % што ќе направи повеќе место и со тоа поголен волумен.
- Црешите содржат флавоноиди кои ги отстрануваат слободните радикали од артериите и сотоа потпомагаат во подоброто крвоснабдување
- Остриги, добро познатиот фродизијак,(кај нас тешко свежи да се најдат) полни со цинк, всушност го стимулира телото да продуцира повеќе тестестеронот што сам по себе ги катализира работите под чаршавите..
- Путер и кравји продукти (особено оние што пасат трева) кои содржат витамин К2 го намалуваат ризикот од коронарни болести за половина
- Бананата содржи калиум кој пак ги релаксира ѕидовите на крвните садови, а истиот ефект Лукот го постигнува со зголемувањето на азот оксидот. рецепт за уживање
- Оревите содржат аминокиселина како што е Л-Аргининот којa телото може да ја создаде но секогаш се потребни поголеми дози кои ќе бидат надокнадени со храната. Неговата улога е во создавњето на азот оксидот а воедно и во спречувањето на артеросклеротските промени, се грижи за флексибилноста на крвните садови и дава буст на имуниот систем и мускулниот раст. Така да ако имате орев во двор или на село, не го сечете. рецепт од баба
- Ѓумбир водози од чајна лажичка два дотри пати во текотна неделата го подобрува протокот на крв. течен ѓумбир
- Индиското оревче според многу истражувања помага во зголемувањето на либидото и ја подобрува еректилната функција
- Маслиново масло е тата мата за тестостеронот и делува противоспалително. Внимавајте воизборот и квалитетот на маслото
- Лососот е полн со омега 3 масни киселини што го зголемува азот оксидот. лосос сендвич
- Црвено вино, до две чаши бидејќи со понатамошна конзумација се намалува крво снабдувањето и нивото на азот оксидот..
- Фстакот во едно истражување се покажал како потикнувач на еректилните функции, сексуалната сатисфакција, оргазмот и сексуалната желба… следниот пат кога на шанк ќе ви донесат фстак со пивото да му ставите бакшиш на келнерот. Бадемот исто така се вбројува во оваа група на ”љубовници”..