Сок од ѓумбир
Со бакшиш ароматерапија додека го спремате…
- 1 парче ѓумбир со големина на орев
- 2 свежо исцедени лимони
- 3 лажици мед
1. Ѓумбирот ситно се ренда и се вари 5 минути во 200мл вода. Се лади и се прецедува.
2. Во изладениот сок се додава сокот од лимон и мед, па сето се разредува со 1 литар вода.
3. Сокот се чува во фрижидер и препорачливо е да се испие во следните неколку дена.