Наслов

Темно vs. Бело

Веројатно поради бојата, некои дечиња па и ние возрасните често одбираме бело чоколадо. Бело чоколадо во тврда форма или топло бело со шлагче. Ајде една споредба па решете за што би гласале кога станува збор за изборот на вашите мили.

Темно чоколадо

• Има вкус на чоколадо.
• Се добива од мелени какао зрна и содржи какао или какао прашок, какао путер, а изоставени се вештачки млечни додатоци.
• Темното чоколадо кое содржи висок процент на какао има позитивно влијание на здравјето особено на кардиоваскуларниот систем.


Бело чоколадо

• Нема вкус на чоколадо бидејќи не ни содржи какао.
• Многу послатко и помеко.
• Содржи шеќер, какао путер и многу вештачка млечна материја. Но не и какао прав.
• Не ги нуди истите бенефити за здравјето туку напротив, дури е и штетно.

И? За што се решивте?

Ако вашето дете навистина сака чоколадо одберете го поздравото. Точно е дека малецките не го обожуваат темното чоколадо поради горчливиот вкус (со висок процент на какао), но обидете се да им го "подметнете".

Направете чоколадно фонду: стопете темно чоколадо на пареа, насецкајте неколку видови овошје и сервирајте го топеното чоколадо и овошјето на маса па дозволете им да си мацкаат со овошјето. На крајот ќе конзумираат и овошје. Две муви со еден удар.

05 Јануари 2014

За авторот