Орешник
Или слободно може да го наречеме солена баклава. Се подготвува во западните делови од земјава и тоа ексклузивно како дел од менито на Бадниковата вечера, а внатре домаќинките го ставале и паричето кое носи бериќет.
- 800 грама кори
- 400 грама ореви
- 2 лажички сол
- 400 мл вода
- масло за готвење
1. Оревите се сецкаат на крупно и во длабок сад се залеваат со вода, сол и малку масло
2. Во намастена тава се редат кори да го покријат дното и се гужваат, а над нив се попрскуваат ореви.
3. Постапката се повторува се додека не се потрошат корите и се завршува со кори без мастраф.
4.Орешникот се пече на 200 степени додека не зацрвени.