Широк спектар на здравствени придобивки од лутиот интензивен корен

Наслов

Ѓумбирска магија

Лут, интензивен, а толку здрав! Ѓумбирот изобилува со низа хранливи состојки, па затоа немојте да го заобиколите кога подготовувате оброци, но и како пропратен лек за многу болести. 

Здравствените придобивки од ѓумбирот (научно кажано Zingiber officinale), покрај кулинарските, се надалеку и одамна познати. Од медицински аспект, тој важи за еден од најмоќните зачини поради фито-хемикалиите кои ги содржи, а за кои се знае дека спречуваат болести и го подобруваат здравјето.

Ѓумбирот се употребувал уште од античките времиња поради своите анти-воспалителни и анти-микробиолошки особини, а и како лек против подуеност.

Коренот содржи етерични масла кои се корисни за здравјето како што се gingerol, zingerone, shogaol, farnesene и мали количини на β-phelladrene, cineol и citral. Gingerols помага при подобрување на цревната подвижност, а има и анти-воспалителни и анти-бактериски својства, намалува болки (аналгетик) и ги лечи нервите.

Истражувањата покажаа дека може да ја намали мачнината предизвикана од движење (автомобилска, морска болест и слично) или при бременост, а може да помогне во ублажување на мигрената.

Zingerone е хемиско соединение кое му дава лут карактер на коренот од ѓумбир, а ефикасен е против дијареја предизвикана од ешерихија коли, особено кај децата.

Оваа билка корен има само 80 калории на 100 грама и не содржи холестерол. Покрај тоа, ѓумбирот содржи многу од основните хранливи материи и витамини како пиридоксин (витамин Б6) и пантотенска киселина (витамин Б5) кои се потребни за оптимално здравје.

Билката исто така содржи добра палета на минерали како калиум, манган, бакар и магнезиум. Калиумот е важна компонента на клетката и телесните течности, бидејќи ги контролира отчукувањата на срцето и крвниот притисок.

Медицинската корист од ѓумбирот е голема. Коренот сеуште активно се користи во традиционалната Индиска и Кинеска медицина.

Парчиња од коренот се варат во вода со лимон или сок од портокал и мед, популарен напиток во ајурведската медицина кој се користи при настинки, кашлица и болки во грлото.

Концентрат од ѓумбир се користи како средство за маскирање на горчливоста во традиционалните ајурведски препарати.

 

Корен од ѓумбир,
свеж, нутрициска вредност на 100г 
(Извор: базата на USDA National Nutrient) 
 
ОсноваНутрициска вредностПроцент на RDA
Калориска вредност80 Kcal4%
Јагленохидрати17.77 g13.5%
Протеини1.82 g3%
Вкупни масти0.75 g3%
Холестерол0 mg0%
Растителни влакна2.0 g5%
Витамини  
Фолати11 µg3%
Нијацин0.750 mg4.5%
Пантотенска киселина0.203 mg4%
Пиридоксин0.160 mg12%
Витамин A0 IU0%
Витамин C5 mg8%
Витамин E0.26 mg1.5%
Витамин K0.1 µg0%
Електролити  
Содиум13 mg1%
Калиум415 mg9%
Минерали  
Калциум16 mg1.6%
Бакар  
Железо0.60 mg7.5%
Магнезиум43 mg11%
Манган0.229 mg10%
Фосфор34 mg5%
Цинк0.34 mg3%

21 Март 2013

За авторот