Наслов

Ф'стак - факти

Повременото уживање во фстаците, треба да ви премине во навика. Овие јаткасти плодови се одлични на повеќе полиња отколку што мислите.

Дневната препорачана доза за да добиете максимум бенефит за здравјето е околу 56-70 грами фстаци. Значи околу една шака, полна до врв со есенцијални масти, Б витамини, калиум и магнезиум. Сушените фстаци имаат и витамин А, Ц, Е и калциум.

Здравите масти со кои изобилуваат фстаците се одлични за кардиоваскуларниот систем и срцето, така што помагаат во намалување на лошиот холестерол. За оваа цел помагаат и диеталните влакна кои се содржат во овие јаткасти плодови.

Фстаците се одличен извор на Е витамин, а со тоа одлична храна за здрава и убава кожа. Витаминот Е ги уништува слободните радикали и спречува стареење и оштетување на кожата, а исто така и го намалува ефектот од УВ зраците.

Овие јатки се смета дека ја подобруваат крвната слика, бидејќи позитивно делуваат врз хемоглобинот и црвените крвни зрнца. Индиректно помагаат во подобрување на оксигенацијата на целото тело.

Како и другите јатки така и фастците се одлични за мозочната функција. Освен тоа според најновите истражувања, јатките делуваат антидептесивно.

Е сега, немојте овие здрави факти да ви бидат оправдување да навалите на баклава со фстаци.

10 Декември 2013

За авторот