Наслов

Кралот на рибите свлечен на трпеза

Кога зборуваме за риба како хранителен продукт тешко дека можеме да одлучиме која е најздравиот тип за нашето здравје. Сепак, само еден е кралот на рибите, нутрицијата и вкусната трпеза, а тоа се гледа по инстинктот на гризли мечките.

Јадењето на лосос барем два пати неделно може слободно да ви го прати докторот на долг одмор. Здравствените полезности кои се добиваат од јадењето на оваа сочно-мрсна риба варираат од зајакнување на вашите мускули, намалување на шансите за бројни болести како и наметнување на поздрав и подолг живот.

Како придобиваат нашите мускули и ткива од месото од лосос?

Протеините од оваа риба се лесни за дигестија од страна на човековиот дигестивен систем и за разлика од други извори на протеини тие не содржат било какви канцерогени и штетни материи. Овие протеини ќе ви ги дадат сите потребни амино-киселини кои се важни за изградба на веќе тренираните мускули и ткива и ќе ве одржат во добра и фит форма. Другите нутрициенси кои што го зголемуваат човековото здравје се важните омега-3 масни киселини кои се битни за нашиот мозок и срце, витамините А, B и D, како и минералите калциум, железо, фосфор и селен.

Лосос за срцево здравје

Погоре споменатите омега -3 масни киселини помагаат во снижување на нивоата на LDL холестеролот во крвта. Првата работа која докторите ја препорачуваат по преживување на срцев удар е намалување на овие „лоши" липопротеински фракции како и целокупните нивоа на триглицериди, а месото од лосос не само што го прави ова туку и делува врз подигнување на нивоата на „добрите" HDL липопротеински фракции. Докажано е дека месото од оваа риба помага во репарацијата на срцевите мускулни влакна, а го намалува и крвниот притисок со што сè на сè делува протективно врз нашата животна пумпа.

Останати бенефиции од месото од лосос

Тоа го забрзува нашиот метаболизам и ја регулира апсорпцијата на шеќери со што може да ги намали нивоата на шеќер во крвта и да делува превентивно врз дијабетесот.

Омега-3 масните киселини делуваат превентивно во развивање на макуларна дегенерација (намалување на видот како резултат на стареење).

Селенот заедно со погорниве нутриционистички цареви делуваат позитивно врз нашата коса, вид и кожа.

Што сè нудат 115 грама на лосос?

Фул препорачана дневна доза за витамин D, пола препорачана дневна доза на витамин B12, нијацин и селен како и скоро 30 грама на протеини. Што повеќе би посакале?!

11 Февруари 2013

За авторот