Наслов

Основа за во фрижидер

Здравје преку нутриција. Каков ѓаволски добар концепт! Ако редовно вежбате еве што треба да имате во фрижидер, ама и да биде дел од дневното мени ако барате исполнување на погорниов концепт, кој патем, е на место, и функционира!

Урда
Казеин и сурутка, врие. За новодојдените, протеинот од сурутката е основен за градење на мускул и горење масти. На другата страна урдата е богата со добра доза на витамини и минерали, а протеинот што го содржи трпи спора дигестија па така е одлична опција за пред спиење (за градење мускули во анаболичката фаза за време на сон).

Путер од кикиритки
Сериозна доза на растителни протеини, есенцијални масти, витамини, минерали и диетални влакна. Со претерување никако, ама ако се консумира умерено, може да биде злато.

Лосос
Почисто, амин. За разлика од говедско и пилешко, лососот има супер доза на протеин со бонус есенцијални масти, кои овие претходниве слабо ги содржат.

Пилешко
Пилешкото месо има добро воспоставен однос на протеини спрема масти и со тоа може да ве покрие за исполнување на било која фитнес цел. Може да го користите на најразлични начини, во салати, сендвичи или како такво.

Јајца
Основата за фитнес нутри режим. 5 до 6 грама протеин на јајце, малку калории (околу 60) и многу важно: разгранети аминокиселини (BCAA) односно дел од есенцијалните аминокиселини кои се важни за мускулен развој. Тука се леуцин, изолеуцин и валин.

Чоколадно млеко
Бидејќи тело се гради надвор од теретаната, битно е да се има добар "recovery" процес кој нема да дозволи уништување на мускулите. 30те минути после тренинг се критичните, каде мора да се надополнат гликогенските депоа за да се презервира мускулното ткиво. Тука настапува чоколадното млеко.

Брокули
Брокулата има повеќе витамин Ц од портокалот и содржи добра количина на антиоксиданси кои помагаат на најразлични здравствени полиња.

21 Мај 2013

За авторот