Нема утка со сурутка

Кога ќе се спомне сурутка, прво што ни паѓа на памет се билдерските протеини (whey protein isolates), бидејќи нив ги гледаме насекаде. Но чистиот, сув продукт од сурутка добиен при нејзина обработка на ниски температури е правиот избор. Прочитајте зошто…

 

Сурутка е остаточен течен продукт од кравјото млеко добиен при производство на сирење или урда. Обично се конзумира во дехидрирана состојба како додаток во исхраната поради многубројните здравствени придобивки, но нема зошто да не го пробате и како природен напиток.

Сурутката има ниска калорична вредност со мала концентрација на маснотии (1 литар сурутка содржи 360 калории, што е половина од истата количина на млеко), богата е со калиум, натриум, фосфор, железо, цинк, бакар, кобалт, манган, повеќето витамини, висок процент на протеини и широк спектар на важни аминокиселини (како цистеин, глуцин и глутамат/cysteine, glycine and glutamate) кои го чуваат здравјето на оптимално ниво.

Бидејќи е одамна познат лек за брзо закрепнување, сурутката често се користи кај рековалесценција на болни и кај трудници, а многу често ја конзумираат и прогресивните спортисти.

Зајакнувањето на имунолошкиот систем е нејзин најголем адут. Додека пропратно ја зголемува енергијата, го поткрепува здравјето на зглобовите и мускулите, ги потпомага полезните цревни бактерии, го одржува оптималното метаболичко ниво и помага при топење на мастите.

Како прилично делотворен лек треба да се употребува во состојбите на остеопороза и регенерација при болестите на црниот дроб. Инаку спречува формирање на забен камен и кариес, а го намалува и нивото на “лошиот” холестерол.

Сурутката значително помага при зголемување на мускулната сила, издржливоста и при закрепнување на мускулите.

При третмани, како лек се употребува во дози од 500мл на ден во подолг период, но секако дека треба да биде присутна за конзумација и во секојдневните оброци.

Кој продукт од сурутка се препорачува – протеински концентрат или протеински изолат?
Неденатурираниот протеински концентрат од сурутка се преферира повеќе од нејзиниот протеински изолат.

Објаснувањето е дека изолатите се добиваат при преработка на сурутката на високи температури, каде резултатот е поголемо производство на протеини. Но притоа се губат скапоцените нутрициски кофактори без кои здравствени придобивки од сурутката драстично се намалуваат. Топлината ги уништува и многуте биолошко-активни протеини кои се особено важни за производството на глутатион (glutathione), односно имуноглобулините, лактоферин, алфа-лакталбумин и глукомакропептидите.

Кај неденатурираните (обработени на ниски температури или cold-processed) протеински концентрати од сурутка овие клучни имуно-стимулирачки особини се зачувани. Истражувањата покажуваат дека природната, неденатурирана состојба на протеинот е неопходна за неговата анти-канцер и имуно-стимулирачка активност.

Затоа пробајте го овој стар лек, што понатурален толку подобар, за да се уверите дека со сурутка навистина нема утка!