Јајца за мускулна маса

Стотици часови во теретана нема да значат ништо доколку човек нема правилен план на исхрана. Протеинот, како клучен дел од мускулните репарациски и развојни процеси ја игра можеби најважната улога од сите макронутрициенси кога се во прашање мускулите. Епа, за да бидат мускулите „ѕид, ѕидосани, вар, варосани” ко што иде онаа за јајцето, јадете јајца.

Мускулите, како и голем дел од ткивата во организмот се создадени од амино-киселини, основните градбени единици на протеините. Епа, протеините кои се содржат во јајцето се едни од најдобрите видови што пазарот може да ги понуди, па ако планирате да накачите маса, прочитајте нешто повеќе и скршете некое јајце повеќе, добро ќе ви дојде.

Квалитет на протеин
Сите протеини не се исти. Некој видови, нашиот организам може полесно да ги преработи и искористи како градежен материјал во споредба со други. Протеини се рангираат според содржината на амино-киселините во протеинскиот извор, односот на тие амино-киселини и можноста организамот да ги искористи, па така оние од животинско потекло, вклучувајќи го и јајцето се со повисок квалитет од оние растителните протеински извори.

Квалитет на протеините во јајцето
Бидејќи протеините од јајцето нудат скоро 100% микс од потребните амино-киселини потребни за градење и одржување на ткивата во организмот, протеинот од јајце котира високо на скалата.

Протеин после тренинг
После завршување на тренингот, телото е спремно за градење на мускулна маса. Се разбира, овој процес ќе се одвива нормално само доколку се присутни сите потребни материи за изградба на мускулното ткиво. Една белка од јајце содржи 9 грами на протеин со што е одличен извор на градивните амино-киселини, а мастите и холестеролот обезбедуваат споро испуштање на овие амино-киселини со што оптимално се задоволува мускулната побарувачка.