Вкусно и лесно рецептче

Домашен путер од кикирики

Пробајте да го направите, нема да зажалите! Вкусен, домашен продукт со многу здравствени бенефити.

 
  • 500г непечени кикирики
  • ладно цедено сончогледово масло (може и со друго масло освен со маслиново поради интензивниот мирис и вкус)
  • крупна морска сол по желба (јас ставив колку да се каже)
  • малку кафеав шеќер (опционално)
 

Подготовка

1. Се печат кикириките во рерна или во затворен сад до степен кога ќе го добијат својот препознатлив вкус, но не треба да се препечат.

2. Се оставаат малку да се изладат, по желба може да се отстранат лушпите, а потоа се ставаат во блендер.

3. Во блендерот се додава крупна морска сол (количината е по желба), а доколку сакате може да додадете и едно мало лажиче кафеав шеќер.

4. Една супена лажица масло за крај и пуштете го блендерот.

5. Доколку смесата не стане хомогена, се додава уште малку масло или вода (треба да се внимава зошто ако се додаде повеќе масло од потребното, путерот ќе биде тежок и течен за конзумација). 

6. Префрлете ја хомогената смеса, односно путерот од кикирики во тегла и чувајте ја во фрижидер.

7. Уживајте во домашниот вкус на путерот.