Наслов

Луѓе, јадете брокули!

Спротивно на изјавата на поранешниот претседател на САД, Џорџ Буш Сениор во врска со неговиот негативен став околу брокулата, ние денеска ви претставуваме 10 причини зошто таа треба да биде есенцијален дел од вашата диета.

Крвен притисок
Брокулата содржи високи дози на калиум (околу 300mg на 100g брокула), а со тоа помага во регулирањето на крвниот притисок.

Витамин C
80g на брокула ја содржат препорачаната дневна доза на витамин C.

Нервен систем
Високите количини на калиум покрај заштитувањето на кардиоваскуларниот систем го одржуваат и нервниот систем и овозможуваат оптимална работа на мозокот, а исто така и го потпомага правилното мускулно развивање.

Скелетен систем
Таа содржи високи дози на калциум и витамин К, кои се задолжени за здравјето на коските и превенцијата на остеопорозата.

Имун систем
Со големата доза на бета-каротени како и со минералите во трагови цинк и селен брокулата го јакне имуниот систем.

Рак
Во последните 25 години забрзано се истражува дејството на бројни анти-оксидансни и анти-канцерогени супстанци како глукорафанинот и индол-3-карбинол. Докажано е дека овие супстанции помагаат во превенирањето на чир, а воедно и рак на желудникот, го забавува растот на ракот на дојката, грлото на матката и простатата и ја зајакнува функцијата на црниот дроб.

Помага во дигестијата
Брокулата е богата со влакна, кои го помагаат варењето на храната, превенираат запек, го намалуваат нивото на шеќери во крвта.

Вид
Студиите покажале дека супстанцата каротеноид лутеин која се содржи во брокулата помага во старосно поврзаното губење на видот, а исто така и поседува анти-канцерогени ефекти.

Срцеви заболувања
Истиот тој каротеноид лутеин што помага во зачувување на видот го намалува или превенира задебелувањето на ѕидовите на артериите, а со тоа се бори против срцевиот удар и срцевите заболувања. Витаминот B6 и фолатите исто така помагаат во овој дел.

Кожа
Брокулата ја потпомага регенерацијата на кожата и делува врз нејзината детоксификација.

 

31 Октомври 2012

За авторот