Ананаско смути со боровинки
Во оваа комбинација на смути, на вкус доминираше ананасот, а со боја секако превзема боровницата. Важно е да има шаренило за здравје! Освежителен пијалок со здрави перформанси за во летните денови…
- 1 свеж ананас (може и со конзервиран ако сакате)
- китка зеленолисест зеленчук (блитва, кељ, спанаќ)
- 1 чинија ситна боровинка
- 1 морков
- 1 лажица гоџи бобинки
- неколку урми
- грст ореви
- мал корен од ѓумбир
- 1 лажиче чиа семе
- 1 лажиче ленено семе
- неколку листови мента
Подготовка
1. Сите состојки се ставаат во блендер и се пасираат додека не се добие хомогена смеса.
2. Ние оставивме малку мента, гоџи и чиа за крајна декорација.
3. На здравје смути!