Sport DNK

Certificates

Level 1 & Level 2 MovNat Certified Trainer

Yoga Instructor

Објави

Циркус што?

Си живееше еднаш еден пар наречен "The Carmenas" кој во далечната 1965 година изведе феноменална точка во тогашната емисија на Ед Саливан... експерти што со својата стабилност и пркосат на гравитацијата, балансот и ориентацијата....

Зимско табуле

Главна ѕвезда на вечерните собиранки! Брзо се подготвува, сепак вкусна и здрава опција за вечера што нема да ви прави проблем за спиење...

Сорбет од диња

Лесен, освежувачки и природно благ десерт што мора да се проба во лето!

Би сакале ли и вие фотелја во тревникот?

Одличен изум за љубителите на природни изработки! Доколку ве нервираат пластики или тврдо дрво, можете малку да се потрудите и да ја создадете оваа фотелја за да бидете во допир со природата, а сепак...

Да им овозможиме јога на децата

Прекрасна акција за децата од Бали каде јогата е духовно наследство, но поради комерцијалноста што ја доживува тие времено се оддалечиле од праксата заради перцепцијата дека јогата е скапа и за странци...

Нов тренд, пловни тренинзи?

На запад се развива нов тренд во одржување разновидни тренинзи на мирни води со помош на специјалните постелки aquabase, дизајнирани за да ја предизвикаат вашата стабилност и баланс.

Најлошата исхрана за деца

Проблемот со прекумерна тежина кај децата е глобален и многу очигледен, бидејќи сè поретко гледаме жилави дечиња за разлика од порано, а главната причина е лошата, прекумерна и нередовна исхрана за сметка на намалената...

Госпоѓицата Кунг Фу

Да ја видите на улица така слатка и нежна не би помислиле дека е до толку опасна ѕверка! Се чини дека инспирацијата за Kill Bill дошла од Џеси Џејн МекПарланд. 

Шитаке паштета

Еве една поинаква консумација на хранливите шитаке печурки. Се мачка на што било, но и така се јаде.

Храбрата Ганди

На маратоните се трча за најразлични каузи. Киран Ганди трчаше за една женска кауза, онаа месечната што ги засега сите жени во светот. Поточно за жената и достапноста до женските продукти насекаде во светот...

Природата и ние

Убав осврт за луѓето на оваа планета... не сме само ние и не сме семоќни... напротив. Плус Џулија Робертс многу убаво ја пренесува пораката на Мајката природа. 

Екстремно тактички!

Џексон Голдстоун од Канада е навидум обично дете кое на ова видео си вози точаче до градинка... Но тој сега има 11 години и веќе е длабоко навлезен во планинско возење точак (mountain biker),...

Неопходните мајмунлаци

Златните детски рачиња иако често се користат за правење бељи, најкорисни се за учење нови вештини. Со нив тие го контролираат светот што ги опкружува, креираат и градат сè што ќе замислат за да...

Мајка за пример, три во едно!

Кратко, но доволно видео што прикажува како мајките можат да бидат позитивен модел за своите деца во однос на физичката активност и да ја пренесат нејзината важност уште во првите години од животот. Забавно...

Нема оправдувања за успех!

Рубен Ролдан од Шпанија има 12 години и претставува голема инспирација за сите, бидејќи и покрај својот инвалидитет тоа тренира напорно и покажува висока спремност во паркур. Респект!

Надежна кросфитерка на тренинг со својот идол

Рејчел Мекинис има 14 години и за неа кросфитот е главна преокупација! Нејзиниот идол е Лорен Фишер, која исто така започнала да тренира кросфит како тинејџерка, а веќе на 20 години се натпреварувала како...

Дигитална де-еволуција

Децата и зјаењето во екрани

Истражувањата покажуваат дека децата поминуваат многу повеќе време пред екран од максималните 2 часа што се препорачани од педијатрите. 

Бесплатни идеи за истерување на досадата

Во отсуство на задачи и цели, а вишок енергија, децата може да направат напната атмосфера во домот. Избегнете ја точката на вриење и овозможете им некоја од овие активности во зависност од годишното време...

Кој може нека се спаси

Рецепт против паѓање на лизгав терен

Паѓа снег... заладува... замрзнува... се лизга... Ако сакаме да сме постабилни, мора нешто да научиме и од пингвините на кои мразот и снегот им се секојдневие. 

Охрабрете ги децата да каснат зеленчук

Скоро сите родители се соочиле со ситуации каде децата одбиваат да конзумираат здрава и свежа храна, особено зеленчуци, кои што им се неопходни за здравиот психофизички развој. 

Коктел дуел

Два смути коктели сo основа на ананас... Која варијанта би ја избрале? Едноставно се подготвуваат, а нутрициски ќе ве вивнат за престојниот ден. 

Пасни го мини велото

Французите смислија еден несекојдневен начин за пренесување здрави навики кај најмладите генерации што можат да го сменат текот на иднината кон поздраво живеење, особено во нивниот главен град Париз. 

Како се хранат децата низ светот

Глобални детски ужинки

На времето во македонските основни училишта се служеа сирењаци, кифли, гевреци и по некој јогурт. Денес се надевам нешто повеќе нутрициски потковано, но тоа е за Македонија. Ова се ужинките во училишта и градинки...

Испирација од слатката Џиан Џексон

Мотивирачки е да се види посветеноста на физичка активност на ова мало девојче кое поради компликација од висока температура доживеало оштетување на нервите на нозете. Таа не се предава седејќи во количка, туку неколку...

Најчести повреди кај младите спортисти

Статистиката на спортски повреди во младинскиот спорт кај деца од 6-19 години во САД укажува дека на врвот од листата се наоѓаат шинувања и напрегања, фрактури, контузии, абразии и потреси. Интересен податок е што...

Како да медитирате со вашите деца

Предизвик е да ги натерате вашите деца да медитираат, но придобивките се многубројни за понатамошниот развој на нивното ментално здравје. Пробајте со следните едноставни совети од Лиза Доун Ангерам, јога инструктор во Nava NYC...

Роденденски леден колач

Сè започна кога сакав да направам роденденска торта. Но кога ги разгледував повеќето рецепти, тешко ми падна од тоа колку шеќер, масло, јајца и тесто се користат за да се направат истите. Затоа на крај...

Жените спортисти што ја маркираа 2013

Храбри, одлучни и истрајни... ова е само пишана општа дефиниција за жените кои се натпреваруваа со себе и со светот за да докажат дека триумфот е возможен без разлика на верата, годините и минатите...

Кратко ама слатко

Карли Хинсон си вежба уметничко лизгање во природа, на прекрасен ден, на замрзнатото езерце Нантукет, во Масачусес... од каде произлегува една супер снимка...

Линдзи продолжува…

Видео во кое Линдзи Вон го документира своето опоравување по последната здобиена повреда каде заврши со скинат преден вкрстен лигамент на десното колено...

Кога играњето надвор едноставно не проаѓа…

Краток период нè дели од пријатната пролет кога децата преферираат да играат надвор, зошто ладните, дождливи и магливи денови сигурно на сите им здодеаа. Но дотогаш, малите енергетски бомби треба некако да се забавуваат...

Која е тајната на слабите луѓе

Научно поткрепено, можеби веќе познато, но секогаш е добро е да се дознаат деталите и некоја информација плус. Документарец што вреди да се изгледа. 

Песна и здрава храна за живот без маана

Визуелниот приказ пропратен со песна е најлесниот начин да стигнете до посакуваниот резултат кај пиколините, во случајов, да ги подучите за доблестите на здравата исхрана, а тие да запаметат и да ја конзумираат. Ефективно...

Незгодна кајакарска ситуација со среќен крај

Оваа незгода случајно е фатена на камера кога седум пријатели отишле на зимско зезање со кајаци на реката Лин во Девон, Англија. Но уживањето им прекинува кога еден од нив се заглавува вертикално на...

Како помина Crossfit 2013 Invitational

Оваа година, на 26ти октомври, Берлин беше домаќин на натпреварот од светски рамки Crossfit 2013 Invitational каде победа издвои ”Team World” составен од Европејци, Канаѓани и Австралијанци со триумф над ”Team Europe” со 20-6 и...

5 забавни пози за запознавање со јогата

Штом детето започне барем малку да соработува и има желба да ви ги копира движењата, може да започнете со практикување на неколку едноставни јога пози што ќе ви бидат од корист обострано. Со нивна...

Смути имуно бустање

Есенско зеленило

Дефинитивно утринско смути кое ќе ја разработи вашата машина со полна пареа. Нека не ве загрижува спирулината, едвај се чувствуваше на вкус. 

Топчесто смути

Кој вели дека смути не е вкусен оброк што заситува, не ги пробал вистинските комбинации!

Совет за евергрин авокадо

Сигурно сте приметиле како свежо пресеченото авокадо многу брзо ја менува бојата од кремаво зелена/жолта кон кафено/црна. Доколку ви пречи овој момент, има начин како да го стопирате... Еве како!

Инстант џем од боровинки

Прав погодок за почеток на едно имуностимулирачко утро, дали само на лажичка или на леб, одлучете си вие...

Сладоледна бомбица

Со листањето на вегански десерти добив идеја да го направам ова чудо, нешто помеѓу сладолед и бомбица (необликувана), со продуктите што ги имав во моментот. Спонтано излезе многу вкусно, брзо е за правење, енергетски...

Предшколско имунолошко бустање

Кога помасовно се јавуваат ушните инфекции, стомачните вируси и црвеното грло, веројатно се прашувате дали започна биолошката војна или тоа е последица од новата школска година.

Повторно зелено смути

Кога и да се вметне спирулина во смути, таа превзема со интензивната боја иако вкусот го предодредуваат останатите продукти. Супер појадок за детокс по викендашките оброци. 

Макалце по нашки

Кој пробал знае! Премногу вкусно за да му се одолее, но со усул кога треба да се социјализирате со други кои што не го пробале. Може да се комбинира со многу оброци, но и...

Како летавме над Преспа

Овој пат решив активно да им се придружам на дечките од Вертиго, па го фативме последниот лет на зајдисонце над Преспа. Беше пријатно и топло време,...

Растур во пар

Френк се смета за еден од најдобрите во неговата бранша, а Антонет му е девојка која што започнува да ги следи неговите стапки... под негов режим, двајцата постигнуваат голем успех. Погледнете за што станува...

Розово во зеленото – ептен летно смути

Апсолутна летна смути комбинација за потполна ревитализација на вашето тело. Бананата ми текна на крај да ја ставам за да се зголеми густината и да се намали вкусот на спирулината.

На прстиња

Се работи за мала реклама на летен камп за качување (некаде во светот) каде на малишаните им се овозможени мал милион начини како да се доближат и го засакаат овој спорт. Преку игри, тренинзи...

Ананаско смути со боровинки

Во оваа комбинација на смути, на вкус доминираше ананасот, а со боја секако превзема боровницата. Важно е да има шаренило за здравје! Освежителен пијалок со здрави перформанси за во летните денови...

На болдер на Куп

Една многу фина репортажичка за Светскиот Куп во болдер каде што се собраа најдобрите качувачи во светот, а се одржа на 7 и 8 јуни во срцето на Вејл, САД. Следниот натпревар од овој...

Магично зелено смути

Овојпат ја сменивме бојата во зелена! Иако имаше од сè по нешто, спирулината доминираше со својата јачина по вкус, здравствени бенефити и боја. Летна шема за подобро здравје, особено за деца и спортисти.

Забавно и активно лето

Летото е во својот зенит, а децата веќе се одморија и ги наполнија батериите... и сега што? Наместо пасивно дремење пред ТВ и компјутер, може да се пробаат следните активности кои ќе ги размрдаат...

Вистинскиот лик позади маската на Спајдермен

Скејт нинџата сериозно напаѓа на повеќе полиња! Везе на скејт, се пентари по згради, прави салто од каде стигне, а и сите работи заедно. Од далеку се гледа дека ја практикува филозофијата ”Да бидеш...

Розе смути задоволство

Летото изобилува со овошје, а фаворит за разладување се разбира дека е лубеницата! Може да се искористи во многу комбинации, а ние ја смисливме оваа... супер...

Смути ЛАВ

Гледаме максимално да го искористиме сезонското овошје, зеленчук и растенија. Во ова смути специјалниот момент е сирупот од лаванда кој на смутито му даде неповторлив вкус. 

Маратонскиот минимум

Забраната за влез на малолетни лица не важи само за дискотеките туку и за мноштво маратони низ светот. Ретки се оние трки кои не поставуваат старосни граници. Кај повеќето границата е 18 години, а...

Смути епизода со кајсии и бобинки

Во сезоната на многу овошки и зеленчук, особено во пикот на кајсии и дел од бобинестото овошје, смативме едно смути за здравјето да пука во позитива!

Дали е челик или е гума?

Неее, тоа се само луѓе кои многу напорно тренирале и стигнале да се натпреваруваат со натчовечкото...максимално истрајни, физички и психички!

Во кајак на 12 растура водопади и конкуренција

Саџ Донели можеби наизглед не ви делува како сериозна конкуренција, бидејќи таа е само нормално нежно девојче... сè додека не влезе во кајакот низ брзаци и водопади, каде се носи рамо до рамо со...

Протеинско смути

Еве едно смути за сите оние кои што бркаат чист мускул! Готовата сурутка е побрза за конзумација, но оваа е правата... и не е толку комплицирана за правење како што се мисли. Така што...

Сезонско смути со праски

Нова епизода на сезонско смути. Праските со количина доминираа во оваа комбинација, но сепак со бојата успеа да преовлада боровинката. Крајниот резултат беше многу вкусно и здраво смути. Вреди да...

Смути за енергично и активно утро

Имате супер брз појадок на нога за целото семејство, а здравствените придобивки се премногу. Со продуктите можете да бидете креативни и да комбинирате како што сакате, важно е на крај да можете да го испиете!...

Грабајте овошје во точниот тајминг

Овошјето е неопходен дел од секојдневната исхрана, особено во периодите кога го има свежо и во изобилство. Но, од витално значење е правилниот тајминг на неговото конзумирање, бидејќи разликата во искористливоста е огромна.

Качи се на точак и директива на училиште

Први септември дојде, а вие како ги однесовте децата на училиште? Велосипедот не треба да се изостави како превозно средство во секојдневниот живот бидејќи има многу корисни причини зошто...

Кажете му добро утро на телото

Тешко ви оди станувањето и се додека не го шмркнете првото кафе не ви се ни зборува. Оставете го стариот ритуал на станување и започнете нешто свежо и полно со енергија. 

Кондиционо потковување за свадби

Големата фама околу свадбите се чини дека не стивнува... Па зошто тогаш да не се претставите во одлично светло (читај тело!), а притоа да набиете и кондиција за подолго ѕенѕање на свадбената журка?! Особено...

Помрднете се скалило погоре

Штета што во некои случаи мотивацијата се зајакнува или се појавува по лоши случки... Но подобро е некогаш да се појави отколку животот да ви помине во кукање и лично незадоволство. Нека ви бидат...

Чекорете тенко и секси

Сакате да пуштите секси нога каде и да одите и што и да носите? Заморете се малку со вежбите подолу и овој сон ќе ви се оствари... Не заборавајте ниту на здравата исхрана, успехот...

Кои се придобивките од вегетаријанска исхрана

Луѓето избираат да станат вегетаријанци поради многу различни причини, како од грижа кон природата, животните, здравјето и религиозните убедувања. Сепак, не се работи само за не јадењето месо и/или млечни производи, туку организацијата на...

Направете мали промени за поздрави идни генерации

Дали некогаш сте се запрашале што вие би можеле да направите за да го подобрите и продолжите животот на вашите деца? Провокативно прашање за кое не треба да ги обвинувате надворешните субјекти, бидејќи моќта...

Фрли се ако ти фали адреналин!

На луѓето им е сè потешко да пронајдат возбуда во секојдневните работи кои ги опкружуваат па затоа бараат што поголеми предизвици за да се почувствуваат живи. Епа ако сте дел од тие луѓе, ако...

Вежбајте заедно со детето преку игра

Малите деца имаат толкава енергија што тешко кој може да ги измори. Побрзо ќе се изморат родителите трчајќи околу нив, отколку тие самите. Од оваа ситуација како родители треба да го извадите најпозитивниот ефект...

Крцкав кекс без глутен

Брз, крцкав и здрав безглутенски доручек со кој нема да имате изговор за лошите варијанти...

Почетоците на една скејт авантура

Можеби малава сеуште не успева да застане на скејтбордот, но како што тргнала сигурно ќе успее за кратко време. Добри кадри и супер слатко скејтерче!

Нека биде стречинг без пардон

Истегнувањето многу често се изоставува со бројни изговори за да се заврши побрзо тренингот, а всушност тие се неизоставен дел пред и по тренингот, доколку сакате да го извадите максимумот од вашето тело без...

Мазга меѓу рекет спортовите

Ако сакате рекет спорт без ограничувања на просторот, подлогата, па дури и времето дали е вечерно или денски, тогаш спидминтон е спортот за Вас! Мелезот од рекет спортовите е динамичен и интересен и плени со...

Леброн vs. Коби vs. Џордан, кој е бољи?

Поради многуте препирања околу тоа кој е подобар, направена е илустрирана споредба на досега неприкосновениот шампион Мајкл Џордан и помладите ѕверови Леброн Џејмс и Коби Брајант, кој за несреќа во моментов се опоравува од повреда на...

Некои деца се родени за вода

Најнадежниот млад сурфер во моментов е 14 годишниот Каноа Игараши кој нема многу проблеми со брановите. Досега освоил повеќе престижни награди и нема намера да прекине. Каноа почнал да сурфа на 2 години и...

Вежби за мама со бебе, по дома

Доколку сте тазе мама и немате време да излезете надвор и да спортувате, еве неколку комбинации од вежби кои што можете да ги правите во друштво со вашето бебе. Во овој случај и двајцата...

Хранлива каша за најмладите

Освен што е здрава и лесна за правење, моето дете ја обожава (што е најважно нели!). Со зеленчукот можете да експериментирате, но оваа комбинација кај нас секогаш пали! Избалансиран оброк и задоволно стомаче! 

На повидок е новата Каприати!

Мало, жилаво и посветено девојче кое ги поседува потребните предуслови и квалитети за успех. Габи Прајс има големи шанси да успее во светот на тенисот доколку продолжи ги развива своите таленти и остане фокусирана...

Добри нутрициски навики за децата спортисти

Да имате уреден нутрициски план, значи дека се грижите за вашите спортски перформанси како професионалец. Навиките се создаваат уште од мали нозе, па затоа најдобро е што порано почнете за да имате подобри резултати...

Бебето сурфер

Има 7 месеци, не знае да оди а камо ли да зборува... ама учи да скија на вода! Рајдер Блер (и името му одговара!) е веќе предодреден да научи како се скија на вода,...

Најдобри пијалоци за децата спортисти

И покрај многуте дискусии за тоа кои течности се најдобри за хидрирање на спортистите и многуте производи кои се присутни во маркетите, сепак, природно си е природно, што значи дека секогаш треба да целите...

Сите топки на место

Искуството и примерите покажуваат дека талентот и предиспозиција за одредени спортови доаѓа и од гените. Овој пат за пример го земавме Кит О'Дел, 5 годишно момче со кого не би посакале да идете на...

Ендемичен кенгур од Милвоки

Кевин Банија студент по кинезиологија на универзитетот Висконсин во Милвоки е кросфит типче со пропорции (178см - 80кг) кое ќе ве остави без зборови со својата експлозивност која е прв предуслов за неговиот рекорд...

Почастете ги децата со палачинки од цвекло

Да да, палачинки од цвекло специјално за вашите деца! И на видеото тврдат дека се многу вкусни, а воедно и здрави. Одличен десерт за целото семејство, нешто помалку вообичаено од секојдневните оброци.

Игра за фокус кај хиперактивни деца

Пробајте ја играта ”Тивка топка” на експертот за ADHD (Attention Deficit Hyperactivity Disorder) Др. Џеф Зосне за да им помогнете на хиперактивните деца полесно да се смират и подобро да се фокусираат. Џеф работи...

Вака се тренира паркур во Берлин

Салто, скокови и останати финти кои ги гледаме кај паркур дечките, кои навидум изгледаат толку лесно и глатко, секако дека не се учат преку ноќ и одеднаш. Епа вака изгледаат нивните тренинзи уште од...

Масло, етикета и квалитет

На некои производи етикетирањето е позабележливо и поверодостојно додека на други е маргинализирано со предумисла. Кога зборуваме за тоа какво масло конзумираме, треба да обрнеме внимание на некои зборови/реченици содржани на неговата етикета и...

Подучете ги децата на прва помош

Родителите и тренерите не се единствените кои треба да се едуцираат за прва помош доколку дојде до повреда кај младите спортисти. Основните совети за прва помош и заштита кои можете да ги научите вашите...

Овес за појадок да, ама каков?

Иако овесните снегулки се солидна и здрава опција, повеќето инстант производи се толку преработени што повеќе ќе ви нанесат штета отколку здравје.

Неколку причини повеќе за возење ролерки

Како што затоплува времето, така и мотивацијата за надворешни активности расте. Па зошто пасивно да се поминуваат деновите кога може целата фамилија да се активира на ролерки и да се пушти на стаза. Ви...

Низ Париз на точак во 8 минути

Ние си имаме видеа кои прикажуваат како е да се вози точак низ Скопје, но доколку ве интересира како ќе си поминете возејќи покрај Сена низ Париз можете да го погледнете видеото на дечките...

Намирници мевлем за мозокот

Засилете го вашиот мозок и здравје по природен пат со тоа што ќе ги ги послушате научниците и ќе ги конзумирате намирниците наведени во оваа статија.

Супер јоги бабичка

Тао Порчон-Линч може заслужено да го добие епитетот ”Супер баба”! Годините како да застанале за неа, бидејќи таа на своите 93 години редовно вежба и држи часови по јога, активно го живее својот живот,...

Здрави млади, здрава иднина!

Повик до сите родители, учители и наставници, а најважно до сите деца кои поминуваат повеќе саати во денот на столче. На сите луѓе им е потребна физичка активност, а децата се оние кои едноставно...

Анти-стрес витамин

Витаминот Б6 на многумина им е познат како анти-стрес витамин кој го смирува телото и нервите. Ова мислење до некаде е точно, но постојат неколку основни начела за тоа колку и како треба да...

Екстремен водич за авантури во дивината. Препорачуваме!

Преживување во дивината од Беар Грилс

Доколку копнеете за авантура, а не сте баш сигурни како да ја пронајдете... доколку сакате да спиете во шатор под ведро небо и да ја искусите чудесната природа... тогаш ви ја препорачуваме оваа книга!

Соодветно нахранети спортистчиња

Спортистите често смислуваат бизарни диети со надеж дека така ќе победат. И науката за спортска исхрана е во своите почетоци, така што не постојат многу стручни истражувања за нутриционистичките потреби на младите спортисти.

Топ 10 земји мрзливци

Верувањето дека поголем дел од нациите на нашава планета работат напорно за да допринесат или да ја уништат човечката цивилизација се руши поради новите истражувања каде испаѓа дека всушност поголемиот дел од светот не...

Повеќе активности, повеќе здравје (инфографик)

Погледнете го инфографикот за да добиете визуелна претстава за тоа какви опасности од храната и неактивноста ги демнат вашите деца и што треба да направите за да им обезбедите здрав психофизички развој. 

Инспирација за малишанските две тркала

Не чекајте, крајно време е да ги извадите велосипедите од гаража, да им направите еден редовен сервис, да им ги извадите помошните тркала на малите големци и да тргнете во освојување на улиците! Уживаjте...

Сонце, вода и забава со wakeboard

Додека некои сеуште го бркаат снегот по планините, други ја започнаа летната сезона со сурфање на вода. За сите конзументи на wakeboarding, еве ви стимуланс за да се подгрее атмосферата за летото што ни...

Зборум Чили, R.I.P.

На 7 април 2013 година на 29 годишна возраст почина Шелон Милер (Chelone Miller), во сноубордерскиот свет познат како "Chilly".

Равенката за минимизирање на спортски повреди

Неколку корисни совети од доктор Гангеми за тоа како да ги ибегнете спортски повреди со помош на основната равенка за тренинг со која можете да го одредите вашиот индивидуален баланс на активности и одмор. 

Време е да научите стој на раце

Ако сакате да научите стој на раце, а притоа да не се утепате еве ви можност! Во 4 кратки видеа се објаснети сите фази до постигнување стабилен стој на раце. Па што чекате? Усовршете...

Домашна веге пица

Овој пат немаме многу слики бидејќи бевме гладни, а и не бевме сигурни како ќе излезе крајниот производ кој всушност беше повеќе од вкусен!

Добрите страни на опасното

Некогаш и некаде децата трчале слободно, играле надвор и во темница, немале заштита за секакви работи, како заоблени меки рабови за маси, заштита за штекери, страшни предупредувања на детергенти, купови апчиња или мали предмети...

Индиски пеливанчиња

Како што вели описот на видеото... Додека децата од модерниот свет играат игрици на компјутер и имаат специјализирани детски игралишта, на овие деца опциите им се социјални игри како борењето, надвор, во кал и...

Добитната комбинација за успешна трансформација

Ако досега мислевте дека Ви нема спас и дека неверојатна трансформација за Вас не е возможна, тогаш погледнете ги сите овие случаи кои ќе ве убедат да размислувате поинаку. Мотивацијата е важна за да...

Илегала за стомак

Некаде врвни специјалитети, а некаде пак илегална содржина... И повторно, може да се каже дека сè е релативно! 

Своеглави, храбри и неодоливи

Децата се ослободени од стравот кој ги парализира возрасните што им овозможува да пробуваат нови работи и лесно да усовршуваат вештини. Исто така и креативноста им е на ниво, можеби не толку усовршена кога...

Емили го крши мразот

Откако обичното качување и здодеа и повеќе не ѝ претставуваше предизвик, Емили Харингтон почна да качува карпи со мраз... Онака, за да си ги прошири хоризонтите, за да се почувствува помлада и пожива. И добро ѝ оди богами! 

Деца и спорт за помалку старечки скршеници

Физички активните деца се среќни и здрави деца! Тоа лесно се забележува и од лаиците, а секојдневно пристигаат докази и од стручните лица. Научниците овојпат докажаа дека физичката активност кај децата не само што...

Зузка се здружи со Брус Ли за појаки стомачни

Значи, во зависност од тоа дали сте дечко/девојка ве советуваме да не се загледувате премногу во Зузка и да и наоѓате доблести/маани, а притоа да заборавите на вежбите. Подобро сконцентрирано да ја следите со...

Развојни игри за вашите бебе-дечиња

Неколку можеби тривијални, но интересни игри кои го поттикнуваат физичкиот и менталниот развој на вашите малечки кои штотуку го запознаваат светот.

Стиснете му “delete” на целулитот

Само страшниот збор "целулит" ќе ве натера да се мотивирате и да ги пробате овие неколку ефективни вежби за долниот дел од телото кој обично е и најкритичен. Вака, без скапи третмани и креми,...

Широк спектар на здравствени придобивки од лутиот интензивен корен

Ѓумбирска магија

Лут, интензивен, а толку здрав! Ѓумбирот изобилува со низа хранливи состојки, па затоа немојте да го заобиколите кога подготовувате оброци, но и како пропратен лек за многу болести. 

Направете си пасирано ренче ала васаби по дома

Македонско васаби (wasabi)

Васаби, или јапонски рен, се прави од коренот на растението Васаби. Љубителите на суши се многу добро запознаени со овој зачин. За жал, свежо Васаби кај нас нема, но има свеж обичен рен кој...

Како да направите домашно суши Хосомаки

Суши се по дома

За љубителите на суши... Направете си суши по дома и уживајте во неговите благодети! 

Ѓумбир како додаток за суши и за многу други прилики

Мариниран ѓумбир во 4 потези

Да купите кисел ѓумбир во тегла може да биде скапо задоволство, а има и дополнителни состојки како емулгатори и стабилизатори кои за никого не се пожелни. Затоа обидете се сами, нема да зажалите!

Јачината на родителската љубов

Постојат многу трогателни приказни во светот, но само за неколку успеваме да чуеме, а уште помалку се оние кои навистина ќе побудат промена во нас. Се надеваме дека оваа приказна, за вонземската сила на...

Турбуленција на денот

Нова седмица, нови турбуленции, нови перипетии... Но што и да се случи, не ипуштајте го кормилото! На крај, задоволството со сигурност ќе ви се дуплира!

Детален медицински прирачник кој е задолжителен во домашна библиотека

Витаминска Библија – Ерл Миндел

Ви ја претставуваме книгата Витаминска библија од експертот по нутриција Ерл Миндел. Научете сè што треба да знаете за да си го продолжите животниот век, а притоа да имате среќен и здрав живот. Витаминска...

Храната и животните благодети (иконографик)

Кратко и јасно се прикажани мноштвото придобивки кои ни се на дланка доколку ги конзумираме долунаведените свежи продукти. Но би било уште подобро тие да се од органско потекло или од вашиот двор.

Надобрите паркур и freerunning фаци за 2012

Уште еден доказ дека човекот има огромен потенцијал доколку тренира и го негува, па дури и да се работи за спорт кој првенствено се изведува (а бара напорно тренирање!) повеќе за лично задоволство, а...

Продуцирање на идни паркур момци

Прво играат брканица со другарчињата... Па се усовршуваат, почнуваат да ги скокаат оградите на комшиите и пошироко... Па кога ќе пораснат наоѓаат сè поголеми предизвици за меѓусебно да се испробаат што паркур и freerunning...

За добро утро јога наместо кафе

Направете малку утринска динамична јога за денот да ви започне со очи широко отворени дури и без кафе, да бидете полни со енергија, јака концентрација и добро чувство за себеси.

Позитивните резултати кај деца и адолесценти кои практикуваат јога - поткрепено со докази!

Јогини со душа и тело, засекогаш

Слободно може кажеме дека бебињата се родени јогини. Тие се ослободени души, во хармонија со себеси, совитливи, отворени за знаење, а притоа без никакви предрасуди. Но, тоа е само показател дека практиката треба да...

Гугл се смести и во патика

Компанијата Гугл, во соработка со Адидас на конференцијата за нови технологии SXSW 2013 во Тексас, извадија многу кул патика која покрај шизичкиот изглед, знада зборува со цел да го мотивира и активира својот газда. Погледнете за...

Коктелите не се само за возрасни

Еве еден начин како вашето дете да се почувствува дека е во светот на возрасните, а притоа да добие јака доза витамини и учество во подготовката..."Киди коктел" е најпогоден за деца, но и за...

Солена варијанта од палачинките на Шенѓул

Благите ги испробавме, беа многу вкусни, многу брзо и лесно се припремаа, а притоа беа поздрава замена за благ оброк (како чоколадо на пример). Сега направивме и солена варијанта, која се покажа достојна за...

Домашна супа во коцки (илустрација)

Доколку сте сомничави кон готовите производи, особено кон нивните прикриени состојки, тогаш пробајте да си ги направите дома. Не е тешко, а од една тура имате материјал за повеќе вкусни супички.

Шамони виа Шара

И додека некои Македонци одат на Шамони и се враќаат импресионирани од дозата скијање што таму ја има, неколку Французи пак, дојдоа на Шара поштено да си се проШараат по паудерот на кило, и по...

А зошто баш авокадо? (илустрација)

Сите знаеме дека здраво е да се јаде авокадо, односно алигаторска круша. Но која е вистинската доза и конкретните благодети на ова неутрално овошје (или ботанички кажано голема бобинка со една семка) можете сликовито...

Препорачуваме

Маратон: Ти можеш!

Трчањето на маратон е спорт кој многумина го сметаат за премногу застрашувачки, па затоа луѓето повеќе го гледаат отколку што го трчаат. Со оваа книга, олимпиецот Јеф Галовеј ја побива погрешната претстава за маратонот...

Како да забиеш како профи НБА играч

Интересна компилација на смешни дечиња кои се натпреваруваат во забивање на мали кошчиња. Се гледа дека повеќето од гледање станале професионалци... ама во мислите! Оние кои се навежбале малце повеќе им се дуваат на...

Lil’B гори сè што оди под скејт

Бенет Шварц ака Lil'B на 10 години е веќе докажан ултра талент на скејт сцената во САД, а кој допрва ќе растура и на светско ниво. Па погледнете како се движи неговиот напредок. 

Харлем спорт шејк

 Харлем шејк спортска едиција, и Гангам да позавиди. Три- че- ти- ри  Con los terroristas And Do the Harlem Shake !!!!!

Кога бројот 13 носи успех

Можеби сте се запрашале зошто децата поминуваат толку часови дома и пред компјутер, кога би требало да тренираат некој спорт или пак надвор да поминуваат време со другарчињата играјќи вистински игри. Ова младо момче...

На редок воздух од Џон Кракауер

Оваа книга ја опишува сезоната за качување на Еверест во 1996 година каде 12 луѓе загинаа во обид да го качат највисокиот врв на светот. Кракауер успева да даде толку многу информации во книгата,...

Дете на изглед, борец во душа

Лева десна лева десна за Решат си е песна. Напорен тренинг и неверојатен талент го прават  тринаесет годишниот Решат Мати (Albanian Bear) боксер со страшен потенцијал, кој досега има освоено 22 титули. Аферим аферим!

Брук Рабуту, најмала а растура!

Млада, слатка, но пред се опасна болдеристка

Ако Шон Рабуту ја качи една од најтешките насоки на отворено "Welcome to Tijuana" во Роделар, Шпанија на 14 години, неговата сестра Брук го прошиша на 11 години, со што стана најмладата женска личност...

Романскиот Конан џуниор

Рекордот за најмногу направени склекови во воздух кој е постигнат од страна на малиот Џулиано Строе е воодушевувачки, малиот е вистински ѕвер! Но има нешто чудно во оваа ситуација... детето е премногу озбилно за...

Годината на мултиталентот

И покрај тоа што Американците ги бие лош глас во поглед на здравиот начин на живот и навиките кои ги воспоставуваат кај младината дефинитивно имаат и примери од кои сите треба да учат.

Детски спортски забави

Постојат голем број игри со доволно јак интензитет и многу забавна опрема кои од хиперактивните деца ќе направат бајчиња. Па зошто тогаш не го разбиете стандардниот тек на родендените и да воведете малку повеќе...

Кардио градско-планински семејни комбинации

Една мотивација плус за сите мајки, може и татковци, со нивните дечиња, пријатели, а богами и за повозрасните генерации кои имаат потреба од свеж воздух (ова повеќе важи кога сме на планина) и испукување...

Што ти значи руска школа

По се изгледа и самите Руси се изненадени од руската школа на ова талент шоу. Момче и девојче, преслатки кога стојат, а неверојатни додека ја изведуваат точката. Каква работа завршил тренерот кај овие малечки...

Утрото по девојката се познава

Одличен тренинг за да го усовршите балансот на раце... вели описот на видеото. Само момент! Не го пробувајте ова дома! Особено не наутро... Од 5,068,074 луѓе кои го гледале видеото сигурно многу мал дел од...

Летна шема Мон Блан 360

Зима, пролет, иде лето, а доколку појма немате каде и како да го поминете летниот одмор, еве со време еден предлог кој ќе ве спаси од жештините, ќе ви го подигне адреналинот, ќе ви...

Кој е легендарната четка вон ски стазите?

Глен Плејк се смета како пионер на ектремното скијање во САД. На скии прв пат се качил кога имал две години, момент кој му оставил траен впечаток за да го посвети животот на овој спорт.

Зимски денови за памтење

Дечково си се снима додека го ужива паудерот во Арлберг, Австрија. Од една страна сочувствуваме со него, но од друга стана нема смисла за оние кои мораат во моментов да бидат на своите работни...

Најслатката градација на снег

Ако сте се изначитале статии и книги кои посочуваат минимална возраст на која децата треба да скијаат или бордаат, погледнете ги видеава и ќе ви стане јасно дека штом детето може да стои на...

Инспиративниот триатлонски ум

Сигурно сме согласни дека триатлон е натпреварување во кое треба да се вложи огромна човечка сила и да се поседува способност за манипулација со повеќе спортски дисциплини. Но како да се мотивираме, да тренинраме...

Малиот спајдермен напаѓа во висина!

Неговото име е Џејми. Тој има 4 години. Родителите на Џејми дозволија талентот за качување по карпи да го надоградува до врвот уште од најрана возраст.

Што нè тера да го надминеме предизвикот?

Филмот "Into The Mind" е плод на едногодишна работа на продукцијата Sherpas Cinema чија цел е да документира интересни моменти од спортските дисциплини кој се изведуваат на планина и во природа.

Нема утка со сурутка

Кога ќе се спомне сурутка, прво што ни паѓа на памет се билдерските протеини (whey protein isolates), бидејќи нив ги гледаме насекаде. Но чистиот, сув продукт од сурутка добиен при нејзина обработка на ниски...

Снежни ретро цртани - САД vs Европа

Зимска идила за секое дете

Ретро цртаните како да имаат посебен дух, дури и во црно-бело издание. Ви го претставуваме нашиот избор на цртани филмови од САД наспорти Европа и воедно им го честитаме Божиќ на сите наши пријатели кои...

Вкусно и лесно рецептче

Домашен путер од кикирики

Пробајте да го направите, нема да зажалите! Вкусен, домашен продукт со многу здравствени бенефити.

Зимско пико хуморче

Мала хумористична и поучна галерија за официјалниот старт на зимата и неофицијалниот крај на Земјата, без многу замарање. 

Talk test

“Муабет” тест

Ни помалку ни повеќе, "Talk"(говори) тестот е една практична "метода" со која што можете да го следите интензитетот на оптоварување во вашиот тренинг. Иако е далеку од софистицираните монитори за срцева фреквенција, овој тест...

За бутчињата и газињата

Клекни Стани

Еве неколку клекни-стани вежбички, доволни за да ве потикнат да си направите простор во дневна, пуштите добро музиче и направите супер тренингче. Секоја од вежбите можете да ја повторите 2-3 серии со 15-20 повторувања. 

Втор дел

Улични игри (Втор дел)

Некако успеавме да собереме што повеќе правила за улични игри и да ги документираме во нашата база. На вам е редот да ги испечатите и да ги повторите со вашето дете, а уште поубаво...

Пикник болдеринг

Тимот на Salewa порај своите производи промовира и еден несекојдневен, а сепак тривијален натпревар. Болдеринг на пикник маса е "ин" во моментов поради тоа што може да биде игра за забава, спортски предизвик или...

Пат низ Европа на четири тркалца

Тимот на DC наместо плажа, летово избра тура низ европските метрополи за да види што тие можат да понудат за скејт освен жешкиот асфалт. Дегустаторите се Крис Кол, Нија Хјустон, Мики Тејлор, Вес Кремер,...

Трети дел

Улични игри (Трети дел)

Некако успеавме да собереме што повеќе правила за улични игри и да ги документираме во нашата база. На вам е редот да ги испечатите и да ги повторите со вашето дете, а уште поубаво...

Четврти дел

Улични игри (Четврти дел)

Некако успеавме да собереме што повеќе правила за улични игри и да ги документираме во нашата база. На вам е редот да ги испечатите и да ги повторите со вашето дете, а уште поубаво...

Петти дел

Умствени игри

Некако успеавме да собереме што повеќе правила за улични и умствени игри и да ги документираме во нашата база. На вам е редот да ги испечатите и да ги повторите со вашето дете, а...

Резил пред да ѕвони

Да "попиеш" одбојкарска топка во глава или баскет да ти го згмечи прстето не е лесно, особено кога најмалку очекуваш, особено пред цел клас. 

Ајде стриптизети на Олимпијада

Можеби досега не знаевме колку сериозна дисциплина станало играњето на шипка (Pole Dancing), но сега се уверивме дека е многу повеќе од обична стриптизерска точка. За ова треба да си многу јак! 

Прв дел

Улични игри (Прв дел)

Некако успеавме да собереме што повеќе правила за улични игри и да ги документираме во нашата база. Вам ви е редот да ги испечатите и да ги повторите со вашето дете, а уште поубаво...

Свежа салата од спанаќ

   50 г. козјо сирење 200 г. свеж спанаќ 1 пиперка  3-4 ореви 1/2 лимон маслиново масло по желба морска сол по желба   Подготовка 1. Спанаќот измијте го и оставете го 15-20 минути...

Маратонска година +1

Доколку мотивацијата за редовен џогинг ви е на ниско ниво, тогаш прочитајте како оваа средовечна жена сака да успее за една година, од вкупно 365 дена да истрча 366 маратони. Да добро прочитавте, секој...

Сенди partybrеаker

И ДОДЕКА СРЕЌНИ И РАДОСНИ ШТО ЕДЕН ОД НАЈМАСОВНИТЕ МАРАТОНИ ЌЕ СЕ ОДРЖИ И ПОКРАЈ СЕНДИ, REFRESH-ОТ НИ ЈА ЗАМАТИ СТАТИЈАТА ПА СЕГА СО CAPS LOCK ПИШУВАМЕ ДЕКА СЕПАК СЕНДИ Е ПОБЕДНИКОТ НА ОВОГОДИШНИОТ...

Јога Утери

Многу гуруа се на ставот дека “сите сме родени јогини”, но при растењето често ја губиме рамнотежата меѓу телото и умот, егото се потенцира, а телото станува се повкочането поради лимитираните движења во секојдневието. 

ZEM блиску до ZEN

ZEM-повеќе чорап отколку патика

„Zone of Endless Motion“ скратено ZEM или „Зона на бескрајно движење“ е компанија која е создадена врз филозофијата "Ако прави да сте боси треба да се носи". Патиките наликуваат на нинџа патики, кој ви даваат босоного...

Малиот дрвен чопер

Слатки, мали, насмеани и сето тоа на две тркала! Незаборавни се деновите кога вашите најмили сами ќе се справат со рамнотежата, безгрижно вртејќи ги педалите. Сте се запрашале ли некогаш кога е право време...

Спортско сезонско боцкање

Есента е период кога најчесто се прима имунизација од вируси како грипот. Општата популација може да побара консултација од матичниот лекар и да реши дали ќе прими вакцина против инфлуенца. Но за...

Спортски тренд без миризба

Во светот на спортот, пронаоѓачите и производителите водат постојана битка за да се измисли нова технологија која ќе ги надмине останатите во своите перформанси. Со таа цел на пазарот се наметнаа разни трендови кои извршија...

Капка живот

При жед или замор, многупати посегнуваме по овошни сокови или газирани пијалоци, но фактот што 1 молекула на глукоза врзува 4 молекули на H2O не прави уште пожедни. Само водата може вистински да не...

Стогодишен велосипедски херој

Кој би рекол дека Интернационалното велосипедско здружение (International Cycling Union-ICU) има категорија со луѓе кои имаат сто години и сеуште поставуваат брзински рекорди!