Наслов

ГОЏИ БОБИНКИ: мали ама моќни

Единствени меѓу овошјето што ги содржат сите есенцијални амино киселини, гоџи бобинките имаат и најголема концентрираност на протеини од било кое овошје.

Гоџи бобинките, уште познати и како волчји бобинки, со векови наназад биле вреднувани за нивните кулинарски и лековити својства во земјите од далечниот исток. Иако во западните земји се појавија пред само неколку години, нивната употреба зема се поголем замав токму поради нивниот високонутритивен карактер.

Единствени меѓу овошјето што ги содржат сите есенцијални амино киселини, гоџи бобинките имаат и најголема концентрираност на протеини од било кое овошје. 

Моќноста на овие мали овошки се должи на:

  • 18 видови амино киселини
  • 8 есенцијални амино киселини
  • 21 минерали (позначајни се: цинк, железо, бакар, калциум, германиум, селен и фосфор)
  • 15 пати повеќе железо од спанаќот
  • 500 пати повеќе витамин Ц од портокалите
  • Полисахариди (соединенија кои помогаат при зајакнување на имунолошкиот систем)
  • Каротеноиди (повеќе бета-каротен од било која друга храна, вклучувајќи ги и морковите) 

Овие неверојатни супер-овошки исто така содржат и природни антивоспалителни, антибактериски и антигабични соединенија. Нивните моќни антиоксидантни својства и полисахаридите помагаат во зајакнување на имунолошкиот систем, па според тоа не е ни чудно што во традиционалната кинеска медицина тие се познати по зголемување на енергијата и долговечноста.

Гоџи бобинките помагаат во борбата со хроничните заболувања, бидејќи имаат огромна способност за уништување на слободните радикали кои го нарушуваат општото здравје. Тие исто така позитивно влијаат на:

  • заштита на црниот дроб
  • подобрување на видот
  • намалување на холестеролот
  • подобрување на циркулацијата
  • превенција од срцеви заболувања
  • подобрување на сексуалната функција и плодноста

Имајте во предвид дека како и секоја друга суперхрана, така и гоџи бобинките треба да се конзумираат во умерени количини, секогаш почнувајќи со помалку и постепено зголемувајќи ја количината. Вообичаено може да се конзумираат од 10-30гр на ден (1-3 супени лажици).

Доколку имате некој здравствен проблем, консулирајте се со вашиот доктор, особено ако земате лекови за дијабетес, крвен притисок, или пак лекови за тенчење на крвта.

Гоџи бобинките немаат долг век на траење во свежа форма, па затоа се продаваат сушени. Може да се конзумираат како што се, посебно или во микс со друго суво овошје, јатки и семки, или пак да се додадат во сокови, мусли и овесна каша, колачи, торти и слично. 

30 Април 2013

За авторот