Жолтата од виножитото

Една жолта порција на ден за многукратен бенефит за вашето здравје. Еве како ќе профитирате од жолтиот спектар.

Збогум на тешкото варење на храна

Жолтиот спектар содржи еден склоп на ензими под името бромелаин. Овој бромелаин ја потпомага дигестијата на протеинската храна, а исто така има и антиинфламаторен потенцијал. Во поново време тој се поврзува и со намалување на симптомите на астма. Најбогат со оваа состојка од целата жолта палета е ананасот, па почувствувајте се малку тропски и почастете се ананас.

Најдобриот лек е превенција

Да се вратиме на чашката, дозволена е, но ако е полна со цедено цитусно овошје. Лимоноидите се супстанци кои особено се застапени во лимонот, мандарините и другите сродни овошја кои според некои испитувања овие супстанци го инхибираат растот на туморските клетки во организмот. Незанемарлив е и фактот дека ќе примите големи количини на Ц витамин ако практикувате една ваква чашка дневно.

Дуо за остар вид

Лутеин и зеаксантин се едно опасно дуо кое го штити видот. Всушност, тие спаѓаат во групата на каротеноиди, а нивното присуство на вашата трпеза ќе ја штити ретината, намалувајќи го ризикот од катаракта и макуларна дегенерација која е поврзана со стареењето. Добар извор на овие пигменти е пченката, жолчката и листестите зеленчуци.

Чифт добри причини да јадете и црвено тука

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија