Наслов

Зелената од виножитото

Зеленилото колку што е добро за одморање очи и зголемување на работната способност во овие неподносливи жештини, толку е и добро за примање на супер дози нутрициенси и освежување. Ако начекате зелено, еве зошто да навалите...

Чистка на црниот дроб во мамурните утра

Хлорофилот се покажал како добар детоксификатор на црниот дроб, а исто така и се смета дека до одреден степен го намалува ризикот и од некои посериозни заболувања како карциномот. Се што е зелено во природата содржи хлорофил, но особено концентиран е во поточарката, празот, руколата и магдоносот.

Неуропротективен пар

Зелените листови како целерот и магдоносот изобилуваат и со припадници на жолтите пигменти апигенин и лутеолин, а делуваат позитивно и заштитнички врз нервниот систем, па се смета дека ја потикнуваат работата на нервниот систем и штитат од Алцхајмерова болест.

Шолја чај за непречен крвоток

Поедноставно за консумирање здравје од шолја чај нема, а зелениот чај се поврзува со намалување на лошиот ЛДЛ холестерол. Всушнот катехините во чајот сречуваат оксидација на холестеролот, кој во ваква состојба е многу деструктивен и на тој начин го намалуваат ризикот од запушување на крвните садови.

Зелени зелки за здравје

Кељот, прокељот, брокулата и сите други зелјести растенија се неоспорливо најзалужни за разеленување на вашата чинија. Содржат многу витамини, минерали и пигменти, а исто така со помош на изотиоцијанатите кои ги содржат во огромни количини може да помогнат во ослободување на телото од потенцијалните карциногени.

За другите бранови должини прочитајте тука.

30 Јули 2013

За авторот