Магично зелено смути
Овојпат ја сменивме бојата во зелена! Иако имаше од сè по нешто, спирулината доминираше со својата јачина по вкус, здравствени бенефити и боја. Летна шема за подобро здравје, особено за деца и спортисти.
- (доза за 3 чаши)
- 3-4 кајсии
- 2 мали лажички спирулина
- 4 мали крушки
- 4 црвени сливи џанки (може какви имате)
- 1 лажица гоџи бобинки
- 1 лажица чиа семе
- 2-3 семки сурово какао
- 1/2 мала зрела мека диња
Подготовка
1. Дињата се сецче на мали парчиња и се пасира со вилушка.
2. Останатите продукти се чистат и се ставаат во блендер.
3. Се остава малку гоџи бобинки и чиа семе за декорација.
4. Смесата се пасира додека не стане хомогена.
5. Во чаша, прво се истура смесата од блендерот, а потоа дел од дињата (како на сликата).
6. Уживајте во здравиот јако зелен смути!