Наслов

Повеќе чиа во вашата чинија

Неколку одлични причини да фрлите по некое лажиче од ова античко семче во вашиот оброк или смути.

Името му означува „сила", но освен енергија чијата средува и други делови од телесната машина. Еве неколку од нив

1. Доза од диетални влакна

Ако почувстувате дека дигестијата и стомакот фатиле „рѓа“,  можеби е време за едно чиа прочистување. Диеталните влакна кои ги содржи чиата (50% од дневните вредности во само 30 г) набабруваат во дигестивниот тракт и создаваат едно желатинозно тело, кое лесно поминува низ системот за варење буткајќи сè пред себе.

2. Чекор подалеку од метаболичен синдром

Покачениот холестерол, покачениот крвен притисок и зголемената телесна тежина може да биде вовед во посериозни заболувања како дијабетес или кардиоваскуларни болести. Меѓутоа истражувањата направени врз пациенти со метаболичен синдром кои примале чиа, споредбено со пациенти кои примале пласибо, се надежни.

Всушност кај првата група било забележано намалување на триглицеридите, крвниот притисок и телесната тежина со што ризикот за некое посериозно заболување бил намален.

3. Здрав извор на фосфор

...бидејќи денешницава најмногу (односно премногу) фосфор прима преку газираните пијалоци, заедно со уште многу прости шеќери, па ако не сакате расипани заби и вишок на струкот треба да внимавате на изворот. Фосфорот е секако неопходен за телото да синтетизира протеини и да ги репарира оштетените ткива, но препорачливо е дневните потреби да ги надополните од здрав извор како што е чиата која изобилува со фосфор.

4. Мимика за апетитот

Чиа семчињата се способни во влажна средина како што е дигестивниот тракт да се експандираат дури до 12 пати и да го зголемат својот волумен, па така и да ве одржат сити многу подолго. Автоматски ќе имате помал калориски внес и приказната понатаму ви е позната.

5. Вегетаријанска омега

И тоа со оптимален омега 3 - омега 6 однос. Нешто како лосос во вид на семчиња. Изобилува со овие масни киселини, пријателски настроени кон кардиоваскуларниот систем и критични за мозочните вијуги да функционираат на максимум, па нека бидат ваша храна за мозок секојдневно.

6. Коски за кршење цигли

Чиата изобилува и со калциум, најбитен за здравјето на коските и забите. Само во една лажичка чиа има повеќе калциум отколку во чаша млеко. Калциумот е неопходен минерал за да имате цврсти коски, кои ќе бидат добра потпора на мускулатурата и здрави заби за блескава насмевка.

18 Јули 2013

За авторот