Повик до сите чокохоличари

СУРОВОТО КАКАО е супер-хранливо!

Ако едноставно не можете да живеете без чоколадо, сигурна сум дека оваа информација многу ќе ве израдува: суровото какао ви нуди можност да го претворите вашиот копнеж по фабрички произведените чоколади во конзумирање на супер-хранливи домашни чоколадни колачи и торти.

Во минатото, некои народи ги користеле какао зрната како основна валута во тргувањето. Други ги толчеле и ги мешале со шеќер и цимет за да создадат пијалок кој бил популарен меѓу високите класи и кралските семејства.

Во модерните времиња, бројни студии ги величат придобивките од какаото и потврдуваат дека тоа помага при:

  • ослободување од емотивниот стрес;
  • намалување на менталниот замор;
  • подобрување на менталниот фокус;
  • намалување на симптомите на депресија;
  • смирување на симптомите на ПМС. 

Сепак, не секое какао е создадено еднакво. Доволно е само да споредите 2-3 кутии од стандардното какао произведено од различни произведувачи, кое што се продава по нашите продавници, и ќе приметите дека повеќето всушност содржат помеѓу 5-20% какао, а останатите состојки се шеќери и адитиви.

Суровото какао содржи максимално количество на нутритивни вредности во споредба со другите типови на какао. Процесот на неговото производство започнува со ладно цедење на суровите какао зрна се додека да се направи темно кафеаво пире наречено „чоколаден ликер”. Оваа смеса е подлежна на понатамошно ладно цедење со цел да се издвојат нејзините масти, кои всушност претставуваат какао путер. Она што останува е сувиот дел кој потоа се меле за да се добие целосно сурово какао во прав. Ова е воедно и најздравата форма на чоколадо која што постои!

Еден зачудувачки факт е дека какаото всушност содржи поголема концентрација на антиоксиданси од било која друга храна. По маса, какаото има повеќе антиоксиданси од црвено вино, боровинки, асаи бобинки, калинки и гоџи бобинки ЗАЕДНО.

Исто така какаото содржи многу голема количина на магнезиум, како и значителна количина на железо, цинк, манган, бакар, калиум, фосфор, калциум, омега 6 и други есенцијални масни киселини.

Суровото какао содржи и високо ниво на рhenylethylamine, состојка позната и како „љубовна хемикалија”, бидејќи нашето тело ја произведува кога сме заљубени. И можеби токму оваа состојка ја објаснува длабоката врска помеѓу љубовта и чоколадото!