Наслов

Пешки до помалку килограми

Ако не сте по трчањето, возењето велосипед или одењето на фитнес ви претставува некаков проблем, не заборавајте, пешачењето е истотака опција за да ги намалите вашите килограми.

За многумина пешачењето претставува задоволство, уживање, намален стрес на зглобовите во однос на активности како трчањето, и затоа го претпочитаат како опција за нивна рекреација и тренинг.

Доколку целта ви е да смкнете на пример 10 килограми со пешачење нема да биде проблем, но сепак си треба време. Ефектот ќе го почувствувате со сигурност, доволно ќе биде да сте трпеливи и постојани. 

Доколку не ви се брза никаде и сте одлучиле постепено да ги намалите непотребните килограми, со темпо од половина килограм на недела, тогаш ќе ви требаат 20 недели за да го постигнете зацртаните 10 килограми. Не е малку но слабеењето со оваа брзина е безбедно и нема да имате јојо ефект како кај голем број ригорозни диети. Горејќи дополнителни 250-500 калории дневно со помош  на пешачењето ќе биде доволно да го достигнете посакуваното. Секако ова важи доколку исхраната прецизно ја контролирате и не внесувате одвишок на калории.  

Доколку првпат спроведувате ваков програм започнете со 3-4 пати во текот на неделата, со 20-30 минутно пешачење и постепено зголемувајте го времето и бројот на денови кога го практикувате. За да ја избегнете монотоноста, менувајте ги рутите, слушајте музика или пешачете со пријател. Доколку временските прилики не се соодветни тогаш направете го тоа на трејдмил.

Бројот на согорени калории за минута време додека пешачите е зависен од вашата телесна тежина и брзината со која се движите. Доколку вашата брзина е 5-6 километри на час (најчеста брзина на пешачење) а вие тежите 55 кг тогаш за минута време ќе согорите 4.7 калории.

  • 65 кг = 5.5 калории
  • 72кг = 6.3 калории 
  • 80 кг = 7.1 калории
  • 90 кг = 7.8 калории 
  • 100 кг 8.6 калории

Често менувајте го темпото на одење и наклонот доколку имате можност, користете и мали тегови за рацете и нозете со кој што дополнително ќе ги тонизиратер екстремитетите и ќе вложите поголем напор во пешачењето.

Стаповите за пешачње се истотака опција доколку сакате да ги активитате рацете и лумбалната регија.

Ова ќе ви биде одличен стимул и регенерација за разлика од некоја строга диета со која ќе постигнете само моментална промена. Освен што ќе согорувате калории со пешачењето, ќе овозможите многу други бенефити за вашето тело.

13 Јули 2013

За авторот