Гугл за на пазарче

Во ова време на долгочасовно седење пред компјутер и правење на нездрави одлуки кога станува збор за исхраната, Гугл направи еден паметен и здрав чекор.

До пред некое време ако бевте заинтересирани за калорискиот внес на одреден продукт, а информациите ги гуглавте, веројатно секогаш исходот беше несигурен. Една долга листа од различни калорски пресметки, скоро секогаш во конфликт, а ништо не се совпаѓа.

Сега најкористениот пребарувач тргна во мисија да го олесни пребарувањето на овие параметри, важни за секој човек кој води здрав животен стил.

Целата база на податоци е извлечена примарно од нутриционата датабаза на одделот за агрикултура на САД. Со самото впишување на производот или пак прашање во врска со производот, добивате целосна нутритивна карта, освен калории, гугл ве информира и за јаглехидратниот, протеинскиот и масниот удел на пребаруваниот продукт. Плус можете да си прочитате и за количината на витамини и минерали изразена во % од потребниот дневен внес.

Уште еден бонус е можноста за промена на количината. Па така може да одберете една од понудените количини, која е најблизу до онаа што вие ја консумирате за уште поточна информација. Во овој момент во датабазата има околу 1000 продукти, меѓу кои и некои малку посложени како бурито или мафини. Брзата храна сè уште нема свој профил.

А, ако сакате двојно да проверите и компарирате, можете да најдете нутриционистико инфо и преку нашиот калкулатор кој се наоѓа тука, од десна страна.