Топчесто смути

Кој вели дека смути не е вкусен оброк што заситува, не ги пробал вистинските комбинации!

 
  • 2 банани
  • 1 калинка
  • грст трнинка
  • грст живи костени
  • 1 лажица чиа семе
  • неколку парчиња дехидрирана банана за декорација
  • вода (по потреба за одредување на густина)
 

Подготовка

1. Бананите, костените и калинката се лупат и се ставаат во блендер.

2. Трнинката се чисти од семките и се додава заедно со чиа семето на останатите продукти.

3. Се пасира додека не се добие хомогена смеса. 

4. Се декорира со банана чипс (банани сецкани на тенки парчиња се дехидрираат околу 8 часа во дехидратор, а има и купечки).