Наслов

Зошто мајмуните немаат мускулни грчеви?

А вас со првото пуштање нога, ви се згрчува мускулатурата и не можете да се изнатрчате на раат... во бананите е одговорот.

Да не се задржуваме на мускулната физиологија, сè што треба да знаете е дека ако немате доволно калиум во организмот, настанува пореметување во размената на електролити помеѓу клетките и нивна несопосбност за правилна релаксација.

Манифестацијата е болен грч во еден или повеќе мускули, кој исчезнува за некое време, но од како ќе ви го уништи целото задоволство од тренингот.

Со правилна и избалансирана исхрана можете да ги поправите нивоата на калиум, секако доколку за неговиот недостаток не постојат некои системски причини како заболување на бубрезите или дигестивниот систем. 

  • За почеток јадете банани. Тоа е едно од најбогатите овошја со калиум, а и добар извор на енергија;
  • Колку повеќе различни овошја или зеленчуци консумирате, толку подобар извор имате на калиум, но и на ред други есенцијали;
  • Оставете ја лушпата на младите компири, таа е скриен извор на калиум;
  • Репките исто така изненадуваат со количината на калиум;
  • Туната може да биде добар извор на овој минерал.

Адекватен дневен внес на овој есенцијален минерал е 4700 мг, но никогаш не заборавајте дека не смеете да внесувате огромни вредности на калиум (повисоки од препораките) бидејќи хиперкалемијата (високи вредности на калиум во крвта) е потенцијално животно загрозувачка состојба.

Затоа, умерено и тамам.

04 Јули 2013

За авторот