Наслов

Калинка - скапоценост во лушпа

Растат ли и под вашиот прозорец рубини? Буквално сигурно не, иако би биле пресреќни да е така, но во метафоричка смисла можеби и растат.

Сега е вистинското време да уживате во слатките, рубинести семчиња на калинката и да си спечалите здравје кое ќе ве служи во престојната грип сезона. Освен неповторлив вкус и свежина со јадење калиники добивате и силен сојузник на имунитетот.

Единствено калинката содржи т.н. пуникалагини, силни антиоксидативни состојки, кои не само што го намалуваат холестеролот, туку го намалуваат и високиот крвен притисок. Исто така овие пуникалагини се покажале ефективни во намалување на ризикот од зачепување на крвните садови, што можеби ја прави чашата сок од калинка супериорна над чашата вино.

  • Калинката се наоѓа на листата на храна со највисок антиоксидативен капацитет (OPAC)

Колку здравје дава одвнатре толку и однадвор, бидејќи изобилува со Ц витамин, неопходен за синтеза на колаген. Од другите витамини калинката е богата со витамин К, витален за коските и коагулацијата на крвта, како и фолна киселина, витална за правилен развој на плодот.

Инаку калинката не само што се јаде како свежо овошје, туку одлично оди и со солени јадења и месо или во салата, а претставува одличен партнер за храна која изобилува со железо заради високата содржина на Ц витамин, па ќе ви направи услуга така што ќе апсорбирате најголем дел од железото во оброкот.

После неколку неуспешни обиди од рака да ни појде чистењето на семчињата од лушпата, побаравме видео совет и наидовме на ова видео, со бонус супер изработено визуелно прикажување на бенефитите и кулинарската употреба на калинката. Уживајте!

09 Септември 2013

За авторот