Наслов

SUP и Windsurf на Калиманско езеро (видео)

Општина Македонска Каменица, Културно-информативен центар „Романса" и Спортско риболовно друштво „Шаран", во соработка со Спортското здружениe Aqua-Terra, организираа прв промотивен настан за презентација на водените спортови SUP StandUp Paddle (Исправено веслање на даска) и Windsurf  (Едрење на даска)

Настанот опфати информативно-едукативна презентација од страна на инструкторот Зоран Станковски  за водените спортови, нивните карактеристики, можностите и бенефитот за физичкото и ментално здравје на луѓето, презентација за однесување, заштита и спасување во вода, презентација и приказ на опрема и практична проба и промотивно возење на SUP и Windsurf. На настанот беа присутни 60тина луѓе кои со големо внимание и ентузијазам ги следеа инструкциите и беа во можност да пробаат SUP. 

Целта за организација на овој настан е промоција на можностите за развој на туризмот на Калиманско езеро и на Македонска Каменица воопшто, отворање на SUP клуб/здружение, организација на трка и ставање на Македонска Каменица на мапа на натпревари во SUP.

15 Јуни 2015

За авторот