Спречете ги повредите на студеното време

Како што зимата зема замав, сè повеќе сме изложени на студеното време кога сме во потрага по задоволување на наштите неделни потреби за вежбање и уживање на отворено. За сите оние ситуации кога планирате да искочите од вежбалната имајте на ум дека зимскиот период е многу позачинет со евентуални повреди, па во продолжение следат најчестите варијанти на повреди заедно со нивните решенија. 

Хипотермија – долготрајно изложување на студ без соодветна опрема за активноста може да ја снижи телесната температура под 35°C, сериозна состојба која што доведува до намалување на координацијата, тресење и можно губење на свест. 

Решение – Опремете се соодветно. Наместо една дебела јакна облечете се слоевито така што ќе бидете во можност да соблекувате и облекувате слоеви во зависност од условите, а сепак да останете минимално испотени и соодветно заштитени. Не се колебајте за ѕиври, а во горните делови од телото облечете онолку колку што ви е потребно. 

Изгореници – соодветната заштите од сонце во зимскиот период често пати се запоставува, но шансите за изгореници (иако на помалку места од телото) кога има ведро време е дури и поголема (ако зборуваме за повисоки места на планина) отколку во лето. 

Решение – Мачкајте заштитен фактор на лицето и изложените места и не заборавајте ги усните. Тие се исто така изложени и осетливи на зрачењето, па затоа земете соодветно лабело со заштитен фактор. За некои делови од лицето, честопати физичката заштита (со шал, марама) е подобра. 

Снежно слепило – Сериозна состојба која се јавува после подолготрајно изложување на сонце во комбинација со одблесок од самиот снег. Проследено е со коњуктивитис кој е болен и проследен со краткорочно губење на видот, но не смее да се потценува бидејќи може да останат и трајни последици.

Решение – Редовно носете очила за сонце со соодветна заштита од УВ зрачење, а доколку веќе сте жртва, овде ќе прочитате нешто повеќе за справување со ситуацијата.

Истегнување/шинување на зглоб – Секогаш имајте на ум дека студеното време го прави сврзното ткиво (тетивите, лигаментите и зглобовите) помалку еластично, па така и повеќе склоно кон повреди за време на трчање, пешачење, скијање итн. 

Решение – Загревајте се подолго. Потрошете 15 убави минути во динамично истегнување пред да започнете со тоа што сакате да го правите па дури и ако вежбате во затворена просторија, дадете повеќе минути на овој дел од тренингот.

Смрзнатини – Доколку престојувате на ладно време несоодветно заштитени и облечени смрзнатините може многу лесно да се појавата. Ткивото се замрзнува, па со тоа и се запира циркулацијата – состојба која што е исклучително сериозна, а најчесто се зафатени екстремитетите. 

Решение – Размислувајте однапред. Соодветна заштита потребно е да имате на себе уште од самиот старт на авантурата, а моментите како чепкање на телефонот или фотографирање или правете ги со ракавиците на себе или бидете екстремно брзи бидејќи топлината се губи многу брзо, особено кога студот е придружен со ветер. 

Имајте убави активни денови оваа зима!

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија