Зошто толку лесно може да изгориш од сонце додека си на планина и скијање

Скоро сите сме биле во ситуација да се мачкаме со какви не СПФ заштити додека сме на планина и на скијање, но на крајот сепак да завршиме со изгорено лице и смешни „очила” за сонце. 

Одлична работа е тоа што се мачкате со некаква крема со заштитен фактор додека сте изложени на сонце на планина, пример при скијање или пешачење, но честопати сте заприметиле дека на крајот сепак може да ви изгори носот, вратот или да завршите со смешни „очила” на лицето. 

Проблемот првично произлегува во висината на која се наоѓате, односно од поразредената атмосфера поради која УВ зрачањето многу полесно продира и доаѓа во контакт со нашата кожа и очи. Дополнително, на снег, сончевите зраци се рефлектираат па затоа ефектот на УВ здраците е значително зголемен, за разлика од други средини. 

Со секои 1000 висински метри, влијанието на УВ зрачењето се зголемува за околу 10%, така што, вашата кожа секогаш ќе биде поизложена од сончевите зраци на планина отколку на море. Истотака, воздухот е релативно помалку влажен па затоа честопати ова во комбинација со изложеноста на сонце доведува до испукана кожа и усница. 

Затоа заштитата со креми со повисок степен на заштита е основна, но не и доволна. Потта знае да го оттргне заштитниот слој од крема па затоа потребно е почесто аплицирање на крема, а најефективниот начин за зашитата е всушност со физичката бариера со некаква маска или марама, или пак со густа брада кај мажите која делумно заштитува. 

Сепак, доколку завршите со изгореници, третирајте ја кожата со витамин А и Е, хидратантни креми и лабело со соодветна УВ заштита за усницата. 

Повеќе за проблемот со снежното слепило и заштитата на очите во зимски услови читајте тука

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија