Трчај, донирај и биди хуман – За Зоран Димов

Овој викенд во повеќе македонски градови ќе се организираат хуманитарни трки кои имаат за цел собирање на средства за олеснување на лекувањето на Зоран Димов, наш маратонец и ултрамаратонец од Велес кој има оставено богата содржина во македонската атлетска историја. Поддржете го овој настан и бидете хумани. 

Велешанецот Зоран Димов е државен репрезентативец во маратонско и ултрамаратонско трчање кој во неговата 34-годишна кариера има истрчано 102 маратони и околу 50 ултрамаратони (дистанци подоги од 50 километри). Тој претставува еден од пионерите на ултрамаратонското трчање во Македонија, но и меѓу првите планински тркачи во нашата држава. 

Во неговата биографија тој има повеќе значајни настапи за нашата држава како на балканско така и на светско ниво, но во 2013 година во сообраќајна несреќa, животот на овој маратонец целосно го менува својот тек. 

Во сообраќајна несреќа на пешачки премин во Велес тој е удрен од моторциклист со што се здобива со тешки повреди и повеќе скршеници на двете нозе. Десната нога на Зоран е скршена на три места, но левата се здобила со 15 одделни фактури. Од тој ден, па денес, Зоран, инаку вработен во Македонски Пошти го води неговиот најдолг маратон– да успее да се врати на неговите две нозе.

Иако хирурзите успеале да му ја спасат левата нога преку седум одделни операции, Зоран Димов се уште не е во можност да гази на истата и да води нормален живот. Во текот на лекувањето при овие операции тој се има здобиено со инфекција која до денес се уште му го пореметува зараснувањето на коските и враќањето во нормала.

Денес, тој и неговото семејство водат тешка борба за средување на ситуацијата во која се наоѓа тој но лекувањето е макотрпно и тешко, а и бара финансии поголеми отколку што тие се во можност да понудат. 

Затоа, здружението на планински тркачи ТРЕКС како и трката Крали Марко Треилс решија да организираат ревијален полумаратон за собирање на средства со кои ќе се олесни лекувањето на овој голем македонски спортист. Датумот е закажан за 26 декември овој викенд во 10 часот во градскиот парк, а се планира да се трча ревијален полумаратон без натпреварувачки карактер. Добредојдени се сите оние кои можат и сакаат да донираат и да бидат хумани, да го поддржат овој настан.

Иницијативата ќе се спроведе и на локално ниво во неговиот роден град Велес, но и во ШтипПрилеп и Битола (напомена – информирајте се за настатните во овие градови одделно на линковите), со што ќе се овозможи олеснување на граѓаните од овие градови да донираат. 

За сите оние кои нема да можат да пристигнат на овие настани, во прилог ја оставаме сметката на Зоран Димов на која ќе може да се направат донации. 

Жиро сметка-200002938557568 Стопанска банка – Зоран Димов
(при уплатата наведете шифра 562 -уплата по донации)

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија