Наслов

Хуманитарна Трка за Зоран Димов - Велес
Локација: 
Градски парк, Велес
Држава: 
Македонија
Датум: 
Сабота, 26 Декември, 2015 - 12:00

Контакт

Драги пријтели, на ден 26.12.2015 година (Сабота) со почеток во 12 часот, во градскиот парк во Велес ќе се одржи трка од хуманитарен карактер за собирање фининсиски средства за нашиот пријател Зоран Димов. Го организираме овој настан за да му испаднеме во пресрет на овој голем човек и спортист кој пред неколку години имаше тешка сообраќајна несреќа при што се здоби со тешки скршеници на двете нозе. Оттогаш тој имаше серија на операции и е во постојан процес на опоравување кои него и неговото семејство го доведуваат во тешка финансиска ситуација.

Настанот ќе биде од отворен тип и на него ќе може да учествува секој кој сака да помогне, без разлика дали ќе истрча 1 или 21км.

Трчањето ќе биде во група која ќе трча во комфорно темпо.
Старт на трката 12:00 Градскиот Парк
Стартнина - 200 денари

Напомена: Пријавувањето и уплатата ќе бидат на лице место, ве молиме да бидете на стартот најдоцна во 11:30 часот.

Се надеваме дека, ние, трчачката заедница ќе настапиме заеднички и дека ќе го покажеме хуманиот аспект на нашиот спорт.
Се гледаме на 26ти :)

За овој настан сеуште нема пријавено гости.

Мапа

П В С Ч П С Н
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

На Facebook