Наслов

Хуманитарен полумаратон за Зоран Димов
Локација: 
Градски Парк, Скопје
Држава: 
Македонија
Датум: 
Сабота, 26 Декември, 2015 - 10:00

Контакт

Име и презиме: 
Крали Марко Треилс

Драги пријтели, на ден 26.12.2015 година (Сабота) со почеток во 10 часот, во градскиот парк во Скопје ќе се одржи Хуманитарен полумаратон за собирање фининсиски средства за нашиот пријател Зоран Димов. Го организираме овој настан за да искочиме во пресрет на овој голем човек и спортист кој пред неколку години имаше тешка сообраќајна несреќа при што се здоби со тешки скршеници на двете нозе. Оттогаш тој имаше серија на операции и е во постојан процес на опоравување кои него и неговото семејство го доведуваат во тешка финансиска ситуација.

http://www.mia.mk/mk/Inside/RenderSingleNews/277/132944395

Настанот ќе биде од отворен тип и на него ќе може да учествува секој кој сака да помогне, без разлика дали ќе истрча 1 или 21км. Со оглед на карактерот на настанот, очекуваме секој учесник да учествува и во пополнувањето на окрепната станица, односно секој да донесе по нешто(банани, урми, вода, кока кола...)
Трчањето ќе биде во група која ќе трча во комфорно темпо.

Старт на трката- 10:00 (дискотеки Градски Парк)
Стартнина - 200денари

Напомена: Пријавувањето и уплатата ќе бидат на лице место, ве молиме да бидете на стартот најдоцна во 09:30 часот.
Секој учесник добива стартно бројче и благодарница во електронска форма.
На стартот ќе има и посебна кутија доколку некој сака да донира плус средства.

За сите оние кои не се во можност да дојдат, средства можат да се донираат и на следнава сметка:

Жиро сметка-200002938557568 Стопанска банка - Зоран Димов
(при уплатата наведете шифра 562 -уплата по донации)

Се надеваме дека, ние, трчачката заедница ќе настапиме заеднички и дека ќе го покажеме хуманиот аспект на нашиот спорт.
Се гледаме на 26ти :)

За овој настан сеуште нема пријавено гости.

Мапа

П В С Ч П С Н
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

На Facebook