Алекс Чикон влегува во трка по К2 зимско

Иако изминатите години главната цел во зимскиот период за баскискиот качувач Алекс Чикон беше Еверест без дополнителен кислород, оваа година тој ги врти погледите кон последната неискачена 8000-ка во зима – К2. 

Според информациите екипата се припрема да замине за Пакистан на почетокот од следната година. За разлика од останатите експедиции во претходните години, а и мешаната Руско-Казакстанско-Киргиска која истотака оваа година сака да направи обид за врвот, тој оди со релативно помал тим. Главен партнер на Алекс ќе биде Феликс Криадо од Галициа, Шпанија а останатите 5 луѓе во тимот се силни Шерпаси – Нури Шерпа, Чепал Шерпа, Гејен Шерпа, Халунг Шерпа и Пасанг Шерпа. 

Засега тимот нема објавено по која рута ќе оди искачувањето иако во игра се спменаа гребенот Абруци но и се уште неискачената источна страна која во летен период е премногу опасна поради можност за лавини. Сепак, според Денис Урубко, можеби тоа е најдобриот приод за врвот во зимски услови бидејќи така качувачите ќе бидат зашиттени од најчесто западно ориентираниот ветер на планината, а помалото количество на снег во зимскиот период би овозможило поголема сигурност во однос на планините. 

Сепак, Чикон  веќе најави дека ќе имаат одреден новитет во искачувањето каде наместо користење на шатори тимот најмногу ќе се ослони на градење на засолништа во снегот (иглу). Со ова тие планираат да добијат повеќе перманентни засолништа на рутата кои нудат одлична заштита од големиот студ. 

Откако минатата сезона Полјаците немаа среќа во искчаувањето на К2, оваа сезона покрај Алекс Чикон и неговиот тим, обид ќе направи и мешаната експедиција од Русија, Казакстан и Киргистан на чело со Василиј Пивцов и Артем Браун. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија