Вежбање во поодминато доба од животот

Всушност, една од најголемите причини која го нарушува здравјето на постарите луѓе е токму неактивниот начин на живот, а не практикувањето на редовно движење во било каква смисла. 

Генерално земено, во спортската медицина периодот од 35-тата до 40-тата година од животот на човекот физиолошки се смета за една пресвртница во атлетските способности. Стареењето полека почнува да прави одредени промени на мускулно-скелетно ниво кои доведуваат до побрзо губење на вештините, кондицијата започнува да опаѓа а најголемиот дел од луѓето запаѓаат во монотонијата на малку активен и мрзелив начин на живот, споредбено со помладите луѓе. 

Сепак, ова не смее да биде едноличен шаблон во кој запаѓаат луѓето кои започнуваат да стареат од повеќе различни причини. Имено, еден од најголемите фактори кој го нарушува човековото здравје во текот на стареењето е токму неактивниот начин на живот, избегнувањето на движење и незадовлувањето на неделните препораки за активности. 

Спроти ова пак, во бројни студии е докажано дека преваленцата на хроничните болести и состојби (врзани со стареењето) е видно намалена кај луѓето кои продолжуваат редовно да се бават со спорт на рекреативно па дури и натпреварувачко ниво. Редовното трчање, пливање, велосипедизам или било кој друг спорт го запира процесот на намалување на аеробниот капацитет што природно се случува со текот на стареењето. 


Сигурно ќе ве интересира – КОЛКУ ФИТНЕС ГОДИНИ ИМАТЕ?


Исто така, мускулно-скелетниот систем се одржува во одличен тонус и здравје. Се зајакнува силата на мускулите, а стимулацијата врз коските влијае позитивно со што се создава поголема густина која спречува состојби како остеопорозата. Кога сме веќе кај овој дел, студиите покажале дека всушност одржувањето на здрави мускули преку редовно спортување ги намалува шансите за други посериозни повреди особено при пад во споредба со оние луѓе кои се многу малку активни.

Постарите луѓе, во зависност од нивната моментална здравствена состојба потребно е да исполнуваат што повеќе од препораките за спортско-рекреативни активности во текот на неделата. Она што од друга страна е многу важно, било кое запоставување на вежбањето (макар и пешачењето) прави многу брзи и надолни промени во здравјето на постарите особи. 

Незамерлив е фактот дека телото слабее со текот на стареењето, меѓутоа редовното вежбање има неспорна моќ да ги намали ефектите од истото. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија