Наслов

Не за неактивниот начин на живот

Нешто повеќе за „расипаниот круг” на неактивноста, мрзливиот начин на живот и нашето насушно здравје и како сето тоа може да се поправи со многу мал влог. 

Неактивниот начин на живот во основа е живеачка без или со многу малку физички активности. Седечко-лежечките навики преовладуваат и поврзуваат низа на други исто така пасивни активности, како гледање на ТВ, работа на компјутер, читање, играње на какви не видео игри и др.

Сите луѓе кои седат повеќе од 4 часа на ден имаат 40% на шанси зада се здружат со некое хронично заболување. Недостаточна физичка активност предизвикува мускулна атрофија а со тоа се зголемува подложноста за физички повреди и при минимални активности.

Респираторниот систем е без никаква провокација, а кардиоваскулкарниот систем е во длабока пасива со што се зголемуваат шансите за заболува на овие битни системи. Целокупниот метаболен систем заедно со хормоналниот систем стануваат инсуфициентни, а со тоа имунолошкиот статус последователно е во длабока супресија. 

Психофизичкиот статус го одредува профилот на овие типови и типки како мрзливи, успорени, тромави,бес позитивни мисли,без животни желби и цели, типови кој добро и премногу нездраво се храната, со недостаток на креативност и амбиција во сè и сешто па дури и во сексот.

Недостатокот на физичка активност е светски проблем бидејќи влече низа на проблеми како за човекот, така и за општеството. Се прават силни програми и проекти (wellnes programs) со единствена цел да се дојде до здрава и потентна нација и популација во секоја смисла.

Добрата физичка кондиција е секогаш во одлична позитивна корелација со здравствениот статус на населението, а со тоа и со позитивен економски биланс во секое ниво.

БИЛО КАКВИ ФИЗИЧКИ АКТИВНОСТИ СЕ ПОДОБРИ ОД НИКАКВИ.

Доволно се минимум 4 часа неделно на вежбање или физичка работа за добра телесна тонизација. Сето повеќе направено секако ќе ви овозможи безкаматен долгорочен кредит.

РЕДОВНИТЕ СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ СИГУРНО ЌЕ ВИ ОВОЗМОЖАТ ДОЛГОРОЧЕН БЕЗКАМАТЕН КРЕДИТ НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ!

18 Февруари 2015

За авторот