Колку фитнес години имате?

Има една многу кул работа со нашите организми, без разлика на нашите хронолошки години, телото т.е. фитнес возраста можеме да ја одржуваме на многу младешко ниво, само треба да се трудиме и да вежбаме. Ама може и да бидеме постари..

Сигурно досега сте биле фасцинирани од некое старо чиче или баба што изгледаат, се држат и се активни како вас, на ваши 30, и се прашувате… Во игра влегуваат многу фактори и варијации, но едно е јасно. Колку повеќе позитивни работи правиме за нашето тело и ум, толку повеќе можеме да го вратиме часовникот назад.

Фитнес возраста на одредена особа главно се детерминира преку мерење на издржливоста на срцето, и оваа бројка многупати е подобар показател за одредување на должината на животот на човекот за разлика од хронолошката старост.

Важно е да се знае дека за разлика од стареењето на нашиот организам кое што е неповратно, фитнес возраста на човекот е менлива работа т.е. во зависност од нашите животни навики таа може да се зголемува или пак намалува. Во превод, без разлика колку години имате сега, можете да се подмладите кога во прашање е фитнес староста, а тоа индиректно ве прави и помлади без разлика на годините.

Главен фактор кој ја покажува фитнес староста е VO2 max (максимален аеробен капацитет) односно максималниот кислороден волумен што телото има можност да го внесе и искористи за време на одредена вежба. Тоа на некој начин е индикатор за моменталната состојба на срцевата издржливост. Доколку оваа ставка е пониска од онаа просечната за вашата хронолошка возраст, тогаш имате повеќе фитнес години отколку што треба.

Но, доколку се покажете добро (преку здрав животен стил, редовно вежбање, пешачење, здрава исхрана итн.) тогаш можете да бидете помлади независно од годините.

VO2max е непшто што се мери и одредува во строго контролирани услови за време на изведба на стрест тест и се одредува со посебни протоколи и формули. Иако не секој има можност да го направи овој тест и да ги добие резултатите, ние ве советуваме само едно.

Почнете да внесувате поздрави и поактивни работи во вашиот живот, а часовникот полека ќе губи батерија сам.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија