Нуркачките доживувања на Ане Тошевска

Ние од karas4training.com многу си почитуваме ко ќе ни дојде девојче на сајт со пераи, со кондури за трекинг, параглајдер или гојзерици за скијање и ќе си разврземе сладок муабет за работи што и нас не палат, и само имаш длабоки вдишувања, ококорени очи и што да ви пишам понатака. Запознајте ја Ана Тошевска, ќе ви е поубав денот! 

Ане како спортска типка 

Спортот е тесно поврзан со остварување на одредена цел. Кај мене тоа се роди во освојување на планинските врвови. Уште за време на моето основно образование секој викенд го користев за искачување на нашето убаво Водно. Две години посветив на кошарката (колку и да изгледа смешно, со оглед на мојата висина, ептен ме биваше)

Бидејќи е први април морам да напоменам дека на денешен ден пред 13 години си го повредив коленото (во тоа време тренирав кик бокс) и потоа следеа неколку тешки години за мене. Бидејќи се работеше за сериозна повреда, а од сето тоа произлегоа 4 операции.

Но желбата за спортот никако не згасна. Продолжив со планинарењето, на почетокот по опуштено за подоцна да почнам да се занимавам по сериозно со тој спорт. Секое слободно време го користев за освојување на одреден врв. Љубовта кон планините ме поттикна на многу работи во животот, а тоа е секогаш да одам напред. Освен врвовите во Македонија до сега ги имам искачено и Митикас (највисокиот врв во Грција), Мусала (највисокиот врв на Балканот), Гросглокнер (највисокиот врв во Австрија), Монт Блан, Килиманџаро. Паралелно со планинарењето а благодарение на Јоцо кој веќе 12 години е инструктор по нуркање почнав да се интересирам и за нуркањето

Египет, Дахаб, работа или задоволство и има ли пирамиди под водата?

Како стигнав до Дахаб? Се е тоа благодарение на мојот и авантуристичкиот и спортски дух на Јоцо, желбата да го откриеш непознатото и истото да го пренесеш на другите. А зошто баш Дахаб? Наместо одговор на ова прашање само ќе кажам дека мора да дојдете и да го посетите ова место. Дахаб плени со својата едноставност, ако еднаш сте биле ќе посакате повторно да се вратите.

И покрај тоа што ми недостасуваат планините, адреналинот под вода успева да ми ја ублажи носталгијата. Она што ќе го видите под вода, особено во Црвеното море е навистина неописливо.

Пирамиди под вода?? Ма под вода има свет многу посимпатичен од оној на земјата (се шегувам), но дефинитивно она што може да се види – воодушевува. Планини од корали, спектар на бои кои се непознати за нас, тишина и спокој и едночасовна медитација со секој зарон. Дел од тоа што може да се види под вода можете да погледнете на нашите фб страници Red sea relax и Dahab diving adventures, а понатаму оставам на вас да се одлучите и сето тоа да го доживеете.

 

Твојот работен ден и работна рутина, што првите кога имате слободно, пак нуркате?

Како рутина можам да ги споменам само утринското кафе и утринската гимнастика со поглед на море која што всушност е гимнастика на сите сетила. Веднаш потоа започнува организација за денот. Насмани лица подготвени за ново искуство.. Се договара местото каде што ќе нуркаме во зависност од степенот на студентот (дали е во прашање интро, курс или фан дајв) Секој ден е различен и секој ден е поубав од претходниот. Повеќе од 20 нуркачки локации и секоја од нив различна во наредниот зарон.

Светски познатата Плава Дупка и Кањонот се на 10 минути од нашиот центар и деновите кога одиме да нуркаме таму се едни од најинтересните, како за нас така и за членовите од групата. Морам да напоменам дека една од омилените локации за мене е Рас Абу Галум.

До локацијата се стига со камили со целата нуркачка опрема. Навечер покрај оган и бедуинска храна се доживува бедуинската култура. Се преспива под отворено небо а утрото првото нешто што ти доаѓа на памет од кога ќе се разбудиш е да ја ставиш опремата на себе и да нурнеш во длабочините. Вообичаено работниот ден завршува бо 17:30, но ако имаме ноќно нуркање тогаш се разбира малку подоцна.

Што се однесува до слободното време,  доколку се во прашање неколку денови тогаш го користиме да прошетаме во околните држави и да запознаеме нови култури и да посетиме нови места кои претходно не сме ги посетиле.  Доколу се работи за еден ден се разбира дека нуркаме (но во овој случај сами или со група на инструктори и dive masters ) и тогаш станува збор за едно сосема друго уживање. Најчесто одиме на локации кои не се истражени и бидејќи се занимаваме професионално со овој спорт се трудиме да останеме во кондиција и да допринесеме на секој можен начин.

Како се навлече на нуркање

Моето прво нуркачко искуство се случи на базенот Борис Трајковски и во моментов се смеам кога ќе се потсетам. Бев насекаде (бојанси контрол = 0) Но во истиот тој момент желбата да научам беше се поголема. Продолжив со open water и advanced course.

Во тој период се случуваа акции за чистење на езерата во Македонија во организација на Клубот Врело и Акватек (каде што Јоцо беше инструктор), па имав среќа да учествувам и да стекнам што поголемо искуство. И покрај тоа што нема многу што да се види кај нас под вода, сфатив дека сум навлечена.

Нуркањето како спорт е сосема поинаков од сите други спортови кои претходно ги познавав. Сосема нова средина – не својствена за нас, а во исто време има толку многу работи да понуди. Се повеќе растеше желбата за надоградба и конечно сфатив дека сакам да стигнам до степен на професионално ниво и целосно да се посветам на тоа да го пренесувам своето знаење. Кога стигнав во Египет продолжив со emergency first response training, потоа resque diver и на крај Dive Master. Од специјалности до сега имам земено nitrox and deep diving specialty.

Кроење идни планови…

Нашите планови генерално се поврзани со Дахаб. Следно ниво за мене е инструктор а за Јоцо бидејќи е веќе стаф инструктор останува уште последното ниво – курс директор. Не изостанува и тоа да не видите на некој врв во скоро време. Но како и да е животот е се она што не сме го испланирале – нели?:))

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија