Искачување на УХУРУ ПИК 5895 метри

На највисоката точка на Африка (текст + видео)

Рај за очите, запознавање со нова култура, преминување на јужната хемисфера, одење во џунгла беа некои од првите мисли што ни паднаа на памет кога ни дојде идеата да ја искачиме највисоката точка на еден континент.

МАМА Африка. 5187 воздушни километри не делеа од саканата дестинација, се шегувавме дека можеме да одиме со кола до таму но за срека се договоривме да патуваме со авион. Јас , Ане Тошевска, Диме Милановски, Андреј Минчевски, Виктор Ангелов и Сашо Божиновски бевме тимот кој овој пат тргнува да го освои Ухуру Пик 5895 метри надморска висина. Ги подигнавме картите од туристичка агенција “Пет” која ни помогна во логистика за наогање и резервација на карти. Полни со енергија привршувавме со пакувањето на потребните работи за ова искачување. Бидејки патувањето траеше 9 дена ни беа потребни доста работи да носиме со нас .

Се чекавме на аеродром, мислев дека сите ке бидеме поспани но како може човек да биде поспан кога го чека огромна и незаборавна авантура. Се собравме на куп и се упативме кон авионот. Влеговме во авионот ги закопчавме појасите и тогаш си реков – Ова не е сон ова е реално одиме во Танзанија….. Транзитна дестинација ни беше Истамбул, чекавме на аеродром околу 7 часа до следниот лет. Некој читаше книга, некој шеташе низ аеродромот, некој беше испружен на удобните столчиња.

Летот за Аруша – Танзанија тргнува, сите сме уште посрекни дека за 6-7 часа ке бидеме на саканата дестинација, си велевме ке поспиеме во авион малку зошто утре не чека долго пешачење бидејки таква ни беше рутата, да се сместиме во хотел на 3-4 часови и одма да тргнеме кон Килиманџаро. Но никој неможеше а и несакаше да заспие од радост и среќа. Слетавме на аеродромот – Килиманџаро и тука не чекаше Алекс со превоз. Инаку со Алекс се запознавме на фејсбук и преку него ја направивме турата за Килиманџаро, односно тој ја направи цела логистика за искачувањето.

Ја одбравме “6 days Machame routе” како најживописна и најинтересна за искачување. Дојде утрото се собравме на рецепција со ранците како да сме иселени од дома и дојде нашиот водич Пол . Се запознавме, ни објасни набрзина што ке правиме и почнавме да се товариме во џипот. Тие веке имаа спремено храна и потребни намирници за наредните 6 дена и затоа не изгубивме многу време.
Се возевме во џип околу 2 часа и стигнавме до стартната точка – Machame Gate, се запишавме во книгата го поделивме товарот на нашите носачи и како што би рекле “пут под ноги” ја започнавме авантурата.

До првиот камп имавме околу 5-6 часа пешачење во шума но самата планинарска патека беше направена, исчистена, маркирана и немавме потешкотии како што си мислевме дека ке се бориме со диви животни и водичите ке прават пат пред нас со мачети  . Полни со енергија, радосни сакавме да брзаме но уште од старт ни викаа ” Поли – Поли ” зборчиња кои одма станаа ” Полека – Полека” на водачите им беше лесно да го запамтат па низ целата авантура ги слушавме. Стигнавме до првиот камп на 3000метри – Machame Camp, времето беше одлично – облачно од едната страна но кај нас сонце и некој облак . Го наместија кампот и моравме да го означиме местото, го ставивме македонското знаме кај што беа нашите шатори да се знае дека на планината има Македонци.

Го прашав водичот каде е Килиманџаро – ми покажа со прстот каде што беа облаците ама некако високо многу ја крена раката , си реков сигурно ни тој незнае точно каде е во моментов. Ни донесоа мали легенчиња да се измиеме , влеговме во заедничкиот шатор и вечеравме , сеуште беше ден. Кога се најадовме водичот ни даде информации за утрешната рута и ни посака добра ноќ. Искочивме од шаторот и што да видиш – Водичот бил во право – знаел кaде се наога Килиманџаро. Огромна вулканска планина која мислиш ја допира стратосферата. Уффф ова ке биде тешко си рековме така застанати не мрдајки го погледот од таа величенственост. Место да легнеме да одмориме ги земавме апаратите и почнавме да се сликаме, но како само да сакаше да не поздрави планината и да ни посака добредојде , ни се затвори видикот од облаците. Легнавме да одмориме.

Вториот ден треба да стигнеме до кампот Шира (Shira cave) 3766 м. Како среќни деца се спакувавме, ни наполнија вода, ги ставивме ранците на грб и тргнавме кон Шира. Но сега веке не одевме во џунгла, вегетацијата беше се пониска и пониска. Сите бевме супер немавме никакви тешкотии бевме “гладни” да ја постигнеме нашата цел. После 5-6 часа пешачење стигнавме во кампот каде што нашите шатори беа наместени, се договоривме со водичот да одмориме еден час и да тргнеме на мала прошетка до некоја повисока точка и да се вратиме. Одморивме , ручавме и се упативме кон повисока точка од каде што планината ни прати уште еден поздрав.
“Вадете апаратите – уште некој ден и ке бидеме на врвот ”

Се испосликавме и се упативме кон шаторите, таму не чекаа пуканки како предјадење , чај и кафе . Набргу стигна и вечерата, малку уморни , јадевме , водачот ни ги кажа информациите за наредниот ден, извадивме едно Македонско знаменце го потпишавме и рековме дека ке го оставиме на врвот кога ке стигнеме. Искочивме надвор на муабет да споделиме импресии и си легнавме по шаторите.

Наредниот ден не чекаше малку потешка тура – искачување до 4600 м и симнување до 3900м и поставување на шаторите , односно одење на високо и спиење на ниско. Ги препакувавме ранците бидејки веке заладуваше и тргнавме , но веке пред да ја допреме највисоката точка во тој ден некои од нас имаа главоболки и се движевме поспоро – веке водачот не требаше да го изрекува зборот ” Поли-Поли”. Со главоболка или не одиме понатаму , сигурно дека не сме дошле да се шетаме низ националниот парк и да се возиме со џипови, главоболка е ке помине си велевме.

Стигнавме на 4600 м местото познато како Lava Tower – огромна карпа од страната , седнавме да ручаме и да одмориме малку. После еден час одмор почнавме да се спуштаме кон кампот број 3 – Barranco camp. Стигнавме во кампот и еден од носачите го забележа знаменцето, не праша дали може да го носи со него знамето бидејки му се допаднало , веднаш најде едно стапче и го закачи на ранецот кој што го носеше со него. Бевме горди на тој потег , нашето знаме се вееше каде и да одевме !!!!!

Вечеравме и уморни легнавме бидејки не очекуваше напорен ден.

Четврти ден – тргнуваме – треба да изодиме огромен пат на висина – да стигнеме на време за да имаме одмор пред да тргнеме кон врвот . Вегетацијата ја снема сега одевме по песок и карпи , времето не служеше како да го донесовме сонцето со нас.
Искачивме еден малку потежок дел низ карпи и стигнавме до кампот Karranga. Тука се вееше Македонското знаме на заедничкиот шатор – сите планинари што беа во тој камп знаеја дека има Македонци тука . Огромна мотивација ни даде тој детал, влеговме каснавме малку си кажавме по нешто, наполнивме вода и продолживме со пешачењето. После неколку часа стигнавме до последниот камп – Barrafu со поглед на последниот дел од планината и најтешкиот што не очекуваше. Пред нас – Огромен вулкан колку што беше поблиску толку изгледаше и повисоко, си велевме еее таму утре ке стапнеме. Се сликавме воодушевени од глетката.

Не очекуваше огромна висинска разлика од 4600метри до 5895 метри а имавме само околу 4 часа да истегнеме нозе во шаторите, одеднаш како за инает што беше добро времето во претходните денови почна да дува ветер најсилно што може , место истегнување на нозе и одмор сите ние се боревме со шаторите да не ги бутне ветрот . Ке помине ке помине си велевме ама сме попусто сме зборувале.
Дојде и часот. Последната етапа која што треба да се заврши, успехот по кој што сме дојдени , освојувањето на Ухуру, искачувањето на највисоката точка на континентот Африка.

Се спремивме некако, облековме зимска облека и излеговме од шаторите. 12 часот наутро, црна темница, тешко дишење, а и ветерот не помага ич. По некоја челна ламба што свети од лугето кои веке тргнале да го освојат врвот. Направивме план како ке одиме кој прв кој последен и тргнавме. Како што се качувавме толку потешки ни стануваа чекорите, чекор по чекор без застој. На почетокот сите се смеевме и бевме позитивни но набрзо сета позитивност замре, се слушаа само чекори , дишењето на другите луге.
На околу 5000 метри Сашо ни соопшти дека не му е добро и дека ке се врати во кампот , му рековме да проба уште малку да не му се лоши од апчињата за маларија или од нешто но тој знаеше дека не е од тоа. Ни посака срекен пат, не потсети зошто сме дојдени и со еден од водачите се симна во кампот. Продолживме.

Останавме 5. Мотивацијата опагаше. Зошто сме тука, зошто го правиме ова, зошто се измачуваме беа само неколку од многуте прашања што си ги поставувавме во себе…. 5300 метри, тука Виктор се сврте и рече дечки доста беше јас се вракам , не се чуствувам добро, нејкам да ризикувам понатаму, доволно е. Водачот му кажа да проба да проба да продолжи понатака, но Виктор си стоеше зад своето. Се поздравивме и останавме 4ца .
Мотивација влезена во минус исто како и температурата . Веке немаше изговори како “Поли- поли” туку имаше ајде , ајде , можете , не застанувајте, а ние пак ај да одмориме ај овде да застанеме малку, на врв на јазик на сите ни беше да кажеме доста е се вракаме, ама пуста желба и трошка мотивација што останала не ни даде на никој да го каже тоа. Водата која ни беше во ранци веке беше замрзната од ладното време. Главниот водич ни кажа готово уште малку и стигнуваме до Stella Point – погледнав нагоре и му кажав – добро е не не лажи ги гледам светлана од челни ламби има сигурно уште половина, а тој само си преќуте. Бил во право , за брзо време стигнавме до Stella point 5739 метри.

Срекни на успехот меѓусебно си честитавме, а ни честиташе и сонцето, кое самошто изгреа и ни покажа колку сме високо над облаците. Се разденуваше и пред нас го гледавме целиот кратер Кибо и вечните глечери на Килиманџаро. Глетката беше феноменална, сега кога ке ми текне, но тогаш и не бевме фасцинирани многу многу , имавме една цел , да го допреме знакот каде што пишува УХУРУ ПИК 5895 метри !!!! Малку добивме сила и ги чекоревме последните чекори . Ане беше единствената девојка во нашата експедиција и таа ја имаше честа да стапне прва на 5895 метри! Облеани од радост и среќа Ане, Јас, Диме и Андреј, гордо стоевме на врвот на Африка! Сонцето пак не поздрави, овојпат го одпоздравивме и ние, а чуството беше незаменливо! НИЕ СМЕ НА КРОВОТ НА АФРИКА!!! Бевме јаки во тој момент, издржавме, со последните сили успеавме во тоа што верувавме! Го закачивме знамето на кое сите 6 членови се потпишавме. Моментот беше епски и единствен, цел континент под нашите нозе !

Со последна фотографија од знамето кое вечно ке стои на Ухуру , се свртевме и му кажавме зборум на Ухуру пик. !!!

Поминати над 5000 километри во воздух
Испешачени над 60 километри
Искачени 5895 метри надморска висина
Поминати 7 дена на планината
Дојдовме и ви ја раскажавме нашата приказна за Килиманџаро .
Би сакал да се заблагодарам на сите оние кои ни ја дадоа својата морална и финансиска поддршка бидејки без нив ова патување ке беше само сон.
Голема благодарност до Соња Димишковска, Харалд Грамс, Витаминка – Прилеп , Монико, Cali – Vita International, Comfy Angel, Клуб Милениум, Македонска куќа , Туристичка агенција “Пет” Општина Карпош.

На крај би сакал да го споделам она што ние го доживеавме за сите денови кои бевме таму , снимано од нас: