Искачување на највисокиот врв на Алпите

Наслов

Моето искуство на Монт Блан

Многу е тешко да се решам каде да започнам и како да ги искажам чуствата а во ист момент да го доловам сето она низ кое нашата група помина и доживеа и да не заборавам нешто.

Се започна на 26ти јули во 4 часот кога станав и знаев дека дојде денот на кој што 5 члената група од Македонија треба да тргне на долг пат да го освои Монт Блан. Бидејќи веќе бев спремен го испив кафето и како мало дете од радост брзав да стигнам да ги соберам Ане, Дамир и Марија и да тргнеме на долгиот пат од околу 1800 км. Се собравме и се наместивме во кола сите поспани но радосни што ОДИМЕ!!!. Караванот тргна сите се смеевме и зборувавме како сеуште мислиме дека е сон.

Колата веќе беше полна со работи за патувањето и самото искачување а требаше од Словенија да го земеме петтиот член Алек кој веке беше на алпите и успешно го искачи Матерхорн !!!! На излез од Македонија немаше гужва и мислевме дека е супер знак и дека патувањето ќе се одвива како под конец.

Направивме една кратка пауза кај моите роднини во Ниш, едно кафе од нога што би се рекло и не губевме време се поздравивме, ни посакаа среќен пат и продолживме до следната дестинација – Копер. По пат застанувавме на бензински за паузи од по 5- 10 минути за да не губиме време. Да напоменам дека во животот немам испиено толку енергетски пијалоци и кафиња во еден ден.

Веќе беше 20:30 часот кога стигнавме во Копер и направивме обиколка на целиот град за да ја најдеме улицата кај што не чекаше Алек. Уморен од чекање со полни ранци и торби – Караванот ја имаше последната сложувалка за успешна мисија.
Веќе возевме 22 часа влеговме во Италија и моравме да се смениме за возење да одмориме. Се преместив и легнав да одморам малку....

Велат Храбрите ги прати среката – 5 луѓе доволно храбри да се спротистават на сите тешкотии на искачување и патување и тогаш во сон слушнав силно извикување на моето име "JОЦООООО" веднаш срипав и замалку ке го пробиев кровот на колата – кога го слушнав Алек ми кажа , сијаличката светна...... колата не работи !!!!

Среде ноќ во 4 саатот на автопат во Италија 5 членови нагаѓаат што би можело да и биде на колата ??? Не губевме време веднаш се јавивме во АМСМ помош на пат бидејќи имавме членство кое покрива за дефект на пат во Европа. Од тука како да се изврте се и поговорката се префрли во НЕСРЕКАТА ГИ ПРАТИ ХРАБРИТЕ. Госпоѓата на телефон ми даде одговор дека нашето членство за помош ќе стапело во сила после некоја недела – а во самиот договор дека стапува во сила со самото потпишување на договорот кој беше направен на 2 дена пред да тргнеме. И веќе бевме 5 одметници со расипана кола на среде Италија. Почнавме да мислиме што може да биде, што да направиме кого да го бараме но самиот умор не ни даде да размислуваме.

Дојде полиција и не одшлепа до првиот паркинг и ни направи услуга да се јави на шлеп служба. Веќе знаевме сите дека ни биде претставена "Дебела сметка" на крајот на овој хорор кој што сеуште не беше започнат. Дојде шлеп службата и кој во камионот кој во караванот – ја започнавме нашата обиколка на селата во Италија. После поминати 20 тина километри стигнавме на 200 метри од местото каде што ни се расипа колата , но овој пат на МАЈСТОР !!!!

Дојде и МАЈСТОРОТ кој што само што ја погледна колата рече немам делови за ТОЈОТА и дека не работи во сабота, би можел да ја погледне во понеделник. Која пуста Тојота, да беше тојота немаше да дремеме како бездомници на сред автопат и во некое селце ..... Одговорите на нашите прашања беа ПОМПА или ПИКОЛО или ГРАНДЕ ПРОБЛЕМА . Сабота сабајле а треба да се чека за да се види колата до понеделник. Баравме други опции – на Ане тогаш и текна да прати порака на Љупчо од Витаминка- еден од нашите спонзори. За 5 минути добивме одговор и да се јавиме на некои луѓе кој ќе ни помогнат. Во овој дел на текстот би сакал најискрено од срце да му се заблагодарам на Љупчо Велески за огромната помош која што ни ја даде !!!

Се слушнав со човекот кој што требаше да ни помогне и експресно ни испрати шлеп служба да не однесе до градот во кој што живее и ни кажа дека неговиот механичар ќе ја погледне колата и ако се работи за помал квар ке го продолжиме патувањето од соништата. Стигна шлеп службата и по ист принцип кој во камион на предно седиште кој во караванот како некои емигранти тргнавме на втора обиколка на Италија. Уморни на 40 степени сите заспавме и после еден саат стигнавме до нашиот втор дом Cologno al Serio.
Веднаш почнаа проверките од страна на мајсторот и го слушнав одговорот кој што ни во најлошиот кошмар не би сакал да го чујам.
VALVOLE – значеше крај на целата наша авантура и инстантно губење на морал за ЖИВЕЕЊЕ.... Си помислив веднаш – на патувањето од кога влеговме во Италија не видов ниедна ЛАДА – што ми даде одговор дека наогање на делови ке биде невозможно – а да напоменам дека мајсторот не видел ЛАДА.
Бидејќи беше сабота мајсторот рече дека ќе ја отвори колата во понеделник и ќе ни каже што точно би можело да е расипано , но веќе го знаевме главниот проблем – скинат ребраст каиш и уште 100 можни проблеми во самиот мотор на колата.
Добрите луѓе не сместија во нивните станови односно работилница за бурек каде што ќе преноќуваме.
Се освеживме и веднаш седнавме на по едно пиво (како да успешно сме завршиле некоја работа) и тука започнаа разговорите преку интернет и договорите помегу нас што да правиме кога веке караванот испушти душа. Не губев време веднаш на мојот пријател Елдан Џигал му дадов инструкции да праша за потребни делови и како да се достават до Италија. Имав инстантни одговори дека делови има и дека има опција да се испратат по автобус во недела и дека ке бидат во Италија веќе во понеделник . Од тука му се јавив на Љупчо Алексовски на кој сум му крајно благодарен за маката кој што и тој ја помина за набавка и испракање на делови. Ги зема деловите и другиот ден рече ке ги испрати по автобус. Делови имаме ама одиме на ризик реков бидејќи незнаевме дали ни требаат баш тие.... – уморни но моралот од -100 ни се крена на -99...

На сите ни се одеше На Монт Блан – Дестинација која што ни беше врежана дека мора да се оствари. Почнаа договорите како да стигнеме до Белата планина. Дојдовме до заклучок дека можеме да рентаме кола и да продолжиме со патувањето, но моравме да чекаме до понеделник за судниот одговор што ке се деси со Караванот. Станавме од кафичот и тргнавме на прошетка во селото да ги видиме убавините. Луѓето во селото не виделе досега туристи па им бевме чудни на секој можен начин.
Запознавме и луге кои што ке ни останат пријатели до крајот на животот кој што ни помогнаа за поминување на овој огромен проблем...
Се соживејаа со нашиот проблем и ни помагаа во се и сешто- се што ни беше потребно го имавме од нивна страна!!!.
Вечерта начекавме и Фестивал во селцето и ненаспани отидовме на по некое пивце- навидум срекни но сите кутевме со мислите што ке се деси во Понеделник!

Дојде и судниот ден – скинат ребраст каиш искривени вентили и милион други делчиња кои што беа потребни за поправка, мајсторот веднаш кажа дека ке му биде потребна минимум една недела за набавка на делови , но кога му кажав дека веке Дамир е отиден со воз на 200 км од селото да ги земе деловите му светнаа очите и рече дека што може ке ја направи побрзо. Додека Дамир беше во воз по деловите до "MESTRE" , Јас, Ане, Алек и Марија отидовме со автобус до "Bergamo" на аеродром да изрентаме кола. После сите тешкотии за изнајмување ни дадоа кола и веке бевме срекни дека се отвора нова страна од црната книга која што е посветла. Се вративме во селцето и почнавме да пакуваме ранци за МОНТ БЛАН. Стигна и Дамир кој што веке беше спакуван од наша страна. ТРГНУВАМЕ ЗА FRANCIJA- CHAMONIX.

Сабајлето во Chamonix стигнавме во раните утрински часови и во фијат пунто сите 5 души отспавме по некој саат демек да одмориме.
Станавме , купивме карти за возот и веке немаше вракање . 
Возот не остави и почна нашата авантура – искачување до домот Tete Rouse 3164m.
Нит резервирано нит знаат кој ке дојде – како герилци упаднавме во домот и веднаш добивме одговор дека домот е полн и дека можеме да спиеме по клупи и маси во терпезаријата но ако се ослободи простор ќе ни дадат кревети . Подобро одколку во кола си рековме. Имавме многу време па сите искочивме надвор од домот да ги гледаме прекрасните глетки на Алпите и Големиот Кулоар. Јас и Алек се качивме до кулоарот да видиме состојба каква е и набрзо се вративме и добивме КРЕВЕТИИИИ. Да напоменам дека во 22:30ч сеуште сонцето светеше но заспавме и станавме во 2 часот наутро. Искачување на 4810м – не аклиматизирани, огромен пат до самиот врв и назад – навидум MISSION IMPOSSIBLE. Имавме само 2 светли точки- нашата воља за освојување на врвот – и доброто време !

Тргнавме во поход. Во ноќта стигнавме до кулоарот и го поминавме без никаков проблем . Ни претстоеше карпата . Едната челна ламба на Марија се расипа, А другата на Дамир навидум му ја ставив на шлемот ама само што се сврте летна по карпите надоле. 5 луге – 3 ламби – НЕ СЕ ДАВАМЕ – се подредивме и карпата полека на сигурно ја искачивме. Дојдовме до стариот дом De gouter

Направивме кратка пауза и продолживме. Набрзо изгреа и сонцето и иако тешко ни беше поради тоа што не бевме аклиматизирани се чуствувавме одлично поради доброто време – Белина насекаде – врвови во далечина и уште долг пат до врвот. Набргу почнавме да осекаме огромен замор но тоа не не спречуваше да продолжиме . Полека но сигурно стигнавме во бивакот Valot влеговме и направивме пауза. Бивакот Valot беше во очајна состојба.. ѓубре, повраканици луѓе кои што спијат на подот – направивме пауза и тргнавме кон врвот.

Врвот веќе се гледаше – глетка која ни даде сила и мотив да стигнеме горе. Полека полека искачувавме – 5-6 тешки чекори и мала пауза и пак истото. Темпо од 1 км на саат. Само Алек имаше сила од сите нас за да оди побрзо и без паузи.
Мислиш дека можеш да го допреш врвот и дека е тука на 15 минути ама некогаш очите лажат а овој пат дефинитивно лажеа.

Секој со свое темпо се движеше , поминувавме луѓе кои што имаа сериозни проблеми но и тие сакаа да го искачат врвот. И после некој саат стигнавме еден по еден на врвот. Се дочекавме сите за да го овековечиме моментот – денот на кој што ние 5 души успеавме со нога да ја згазиме највисоката точка на АЛПИТЕ. МОНТ БЛАН 4808 метри надморска висина.

Одморивме се сликавме и пред нас претстоеше пола пат за вракање – Гребените, Карпата, Кулоарот..... Изморени, како да работиме на механика, полека почнавме да се вракаме назад. Сите кутевме со мисла – кога ќе стигнеме кога ке стигнеме и да ги поминеме пречките без никаков проблем. Така и се случи . MISSION "Mont Blanc" FINALY COMPLETED !!!!

Се пресоблековме – ја извадивме тешката опрема од нас и влеговме во терпезаријата да одмориме, кога домарот ни објави дека денес дефинитивно ке спиеме во терпезарија на маси и клупи. Зборови кои после сета мака не би сакал да ги чујам уште еднаш во животот. Јадевме си поседовме и го закачивме Македонското знаме во домот да им стои за спомен.

Си легнавме на "удобните" клупи и маси и веднаш заспавме. Во 1часот по полноќ дојде GESTAPO и ни нареди сите да застанеме во ќош бидејки имало луѓе кои што требале да доручкуваат . Кој по гаќи кој со шлемови на глава луѓето си доручкуваа и си тргнаа по своите достигнувања. Gestapo си ја затвори кујната и си изгаси светло. Што да правиме сега ние се прашувавме – видовме невидовме бидејки масите беа преудобни пак си се вративме на своите места.
Ги затворив очите и веднаш заспав. После некое време пак некој ме разбуди но овој пат беше Ане – направиле со Марија проверка по собите и нашле празни кревети – си легнавме и наредното утро полека почнавме да се спремаме за вракање . Се симнавме до возот го почекавме и стигнавме во Chamonix. Пресрекни дека го искачивме Монт Блан, си прошетавме си пиевме пивце си купивме некои работи и тргнавме кон нашиот втор дом Cologno al Serio , каде што не чекаше реалноста.

Не известија дека треба да се докупат делови и Дамир го однесовме на железничка да прошета до Mestre да си купи шорцеви и да ги земе деловите од Автобуска. Но пак стигнавме прерано – се наместивме и си легнавме во Пунтото – преудобно но кога ке станеш се плашиш да не ти откажал некој екстремитет . Дамир го испративме а ние се вративме кај мајсторот да ги слушнеме зборовите VALVOLE и дека колата нема да биде готова до понеделник – зборови кои што сите не утепаа. Но после сите преведувања од страна на нашите пријатели од Италијански , на Албански,на Англиски и Македонски , разбравме дека ако стигнат деловите на време – ке има мајсторот простор да ја заврши до утре дента сабота. Веднаш му пративме порака на Дамир – се растрчавме ги однесовме деловите во друго гратче каде што се правеше моторот. Немавме преведувач од италијански на било кој друг јазик за да разбереме па по листови хартија со писување на саати и мафтање на раце мајсторот се сложи да го направи моторот истиот ден. На сите ни дојдоа солзи радосници дека утре- сабота ке си тргнеме дома. Почекавме го земавме моторот и правец Cologno Al Serio во најбрзо време. Го оставивме моторот кај нашиот мајстор и изморени јас и Алек отидовме да ја вратиме колата во Bergamo.

Се се заврши експресно па си отидовме на автобуска да се вратиме во селцето кај што беа другите. Град кој што нема да го заборавам, но во негативна смисла.... Автобус немаше , а јас и Алек ако не најдевме превоз за назад ке бевме изгубени херои.. Се јавивме кај пријателот од селцето дојде со кола не зема и се вративме. Се најдовме со Ане Марија и Дамир и на пиво им раскажавме што све држи градот Bergamo. (SIN CITY). На крај од вечерта требаше да си легнеме, но сите пријатели од целото си отидоа на пат кон родната Македонија и немавме каде да спиеме. За срека позади Гаражата на мајсторот имаше парк. Можам да кажам во името на целата група дека тоа беше најубавото спиење од целото патување. Иако не будеа кучиња кои што лаеа , луѓе зачудени што се случува нас ни беше најубаво, покриени со вреќи – свежо таман за спиење.
Дојде и судниот ден. Дали колата ке биде готова. Дали уште ке се појави некој проблем што ке не врати наназад – добив порака на телефонот – Колата е готова, дојдете во 3 саат да ја земете во моментов се полни акумулаторот. Тоа беше последната порака која што донесе радост помегу сите нас. СИ ОДИМЕ ДОМАААААА!!!!!!!!!
Дојдовме кај мајсторот се поздравивме се изгушкавме , заблагодаривме за помошта , и после целото хаотично пакување на сред Паркот тргнавме кон МАКЕДОНИЈА!!! Итавме кон крајната дестинација, колку и гужва да имаше по пат, на граници , по бензински не ни претставуваа никаков проблем , Бевме оттрпнати од се , сакавме само да стигнеме дома. Дојде и тој ден, си реков кога прочитав на таблата "Скопје" на автопат. Се поздравивме сите и си отидовме дома . Незаборавна авантура со измиксирани случувања и моменти која што никој од нас нема да ја заборави до крајот на животот и ќе ја раскажува.
На крај би сакал да се заблагодарам до сите пријатели кои што не поддржуваа во ова, сите наши семејства, спонзорите Општина Карпош, Виталија, Општина Ѓорче Петров, Општина Велес, Витаминка, Соња Димишковска - Güterkraftverkehrsbüro, Харалд Грамс - Grams und Partner, FKP Scorpio Konzertproduktionen, SK-Office Deutschland, Ravensberger Park Veranstaltungs, Dr. Jürgen Eckardt Steuerberater, Thomas Kirchner, Keller GmbH & Co.KG, Пријателите од Cologno al Serio – Јакуп, Лео, Ндерим, Личи, Човекот кој што правеше банички, Митхад, вебстраните Karas4training.com, Sarma.mk кои не пратеа - и сите други кои го направија ова патување во реалност !!!!

Mала статистика пред крај
7 дена – поминати 6 држави
4200 км пат
Искачени до 4808метри надморска висина
168 часови од кои само 22 часа преспиени 
За крај ве оставам да погледнете еден краток видео запис од самото искачување

 

05 Август 2013

За авторот