Агилно од агол на T – Тестот

Агилноста е способност на телото брзо да ја менува својата положба, за што е потребна вештина да се обединат во една движечка структура балансот, координацијата, брзината, рефлексите, силата и издржливоста. 

Агилноста е од круцијално значење во многу тимски и индивидуални спортови. Агилноста ја покажува способноста на индивидуата брзо да антиципира, реагира, прецепира, експлозивно да ја менува насоката на движење и да исполнува брзи движења во сите рамнини.

Постојат многу вежби и тестови со различна спечифичност за одреден спорт кој што ќе ви помогнат околу усовршувањето на овој сегмент од психо-физичката подготовка.

Т-тестот ја мери способноста на движење во различни правци (латерално-напред-назад) и брзата трансформација од еден во друг правец. Ако го користите овој тест и како вежба изведувајте го во почетната фаза од главниот дел на тренингот, а доколку го комбинирате во некаква тест батерија, позиционирајте го на почетокот за да имате поточни резултати.

Што ви е потребно за изведба

  • штоперица (хронометар)
  • конуси
  • нелизгава подлога
  • метро
Што треба испитаникот да направи
  • загревање најмалку 10 минути со спечифични вежби и динамичен стречинг
  • да се запознае со правилата за изведба на тестот
  • тестот да го изведе максимално

Изведба на тестот

Поставете ги конусите на раздалеченост како на слика 1.  конус А-B 10 метри, конус В-C 5 метри, конус В-D 5 метри. Во латералното движење не треба да се прекрстуваат нозете.

  • Стартот се наоѓа на конус А
  • На знак на мерачот се активира хронометарот и испитаникот се движи од конус А кон конус В во полн спринт и го допира конусот B со десната рака.
  • Латерално се придвижува до конусот  C и го допира конусот со левата рака.
  • Латерално се придвижува до конусот D и го допира со десната рака.
  • Латерално се придвижува до конусот  B и го допира со левата рака.
  • Наназад трча до конусот А и се запира времето на хронометарот кога испитаникот ќе го одмине конусот А.
  • Од 4 мерења се зема најдобрата вредност
  • Паузата помеѓу мерењата е минимум 2 минути

Оваа табела е за општа популација и ви дава некаква индикација околу вашата агилност. Вредностите се во секунди

  Слабо        Просек           Добро      Одлично
Мажи  >11.5  –  10.5 до 11.5  –   9.5 до 10.5     <9.5
Жени   >12.5   –  11.5 до  12.5  – 10.5 до 11.5    <10.5

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија